X
 04.09.2020 Живот

Спектакуларно враќање на крстосувањата со луксузен брод со подморници

Повеќето крстосувања низ светот беа паузирани поради пандемијата. Патничката индустрија е сериозно погодена од Ковид-19, но некои компании планираат спектакуларно враќање со нови бродови.

- „Сиборн венчр“ е експедитивен брод чии први патувања треба да бидат во Норвешка. Заедно со ултралуксузниот начин на живот по кој сме познати, неверојатните и извонредните патувања на „Сиборн венчр“ ќе ви овозможат врвно патување со експедиција што навистина ќе ја цените. „Сиборн“ ќе почне со патувања во декември 2021 година кои на патниците ќе им дадат можност да ја видат поларната светлина - вели Ричард Медоус, претседател на „Сиборн“.

1

Во промотивно видео се опишани карактеристиките на двете подморници што ги содржи бродот. Секоја подморница има две транспарентни сфери со простор за седење и овозможува незаборавен поглед на светот под површината на водата.

2

brod

Планирани се и други патувања на Арктикот, иако деталите сè уште не се познати. Компанијата ги наведува Северен Кејп, Тромсе, Свалбард, Гренланд, Исланд и канадскиот Арктик како идни дестинации.


Извор: Thebarentsobserver.com
Фото: Seabourn Venture
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот