X
 04.09.2022 Живот

Над 200 европски градови треба да бидат поврзани со воз до 2030 година

До 2030 година Европејците ќе може да користат воз за да патуваат до над 200 места на континентот, од Лисабон до Москва. Ова ќе биде резултат на повеќе иницијативи, пишува „Шенген виза инфо“.

Некои земји, како Холандија и Шпанија, размислуваат за укинување на авионските летови, кои може да бидат заменети со патување со воз од три часа или помалку. Во Германија, Зелената партија создала мапа на железнички линии во рамките на проект кој предвидува инвестирање во нови брзи возови.

Истовремено, Европската Унија планира двојно да го зголеми бројот на патници во брзите возови до 2030 година. До 2050 се очекува тројно зголемување на бројот на овие патници.

Освен тоа, холандско-белгиската компанија „Јуропиан слипер“ најавила воведување ноќен воз до Барселона кој ќе вози повеќепати неделно. Ноќниот воз треба да биде воведен до крајот на следната година. Возот ќе тргнува од Амстердам и ќе застанува на повеќе места во Холандија, Белгија и Франција пред да стигне во Шпанија.

Конечно, овој месец треба да биде воведен и ноќен воз кој ќе вози од Лондон до Стокхолм за помалку од 24 часа.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот