X
 30.03.2016 Живот

Причини поради кои Европската унија би можела да се распадне

Европската унија како заедница меѓу земјите некогаш била голем сон, но сега на тој сон му се закануваат предизвици.


Во последно време во внатрешноста на унијата постојат многу разлики поради кои не е возможно да се одржи единствена монетарна политика и економско единство во земјите кои се различни и кои ја штитат својата фискална политика. „Бизнис инсајдер“ наведува пет најголеми проблеми со кои се соочува унијата, а кои би можеле да ѝ пресудат во блиска иднина.

Италијанска банкарска криза


Банкарството во Италија веќе е во голема криза. Во Италија се забележува огромен пад на цените во финансискиот сектор, но министрите се обидуваат да ја смират јавноста со лажни тврдења дека банките се сосема стабилни. Лошите кредити сочинуваат речиси 20% од сопственоста на банкарскиот состав. Колапсот на италијанското банкарство е системски ризик за цела Европа. Италија е осма најголема економија во светот.

Ситуацијата во Грција


Грција е многу важна за унијата и покрај сè што се случуваше во изминатиот период. Тоа е така особено бидејќи таа претставува врата кон Европа, премин на бегалците кон Европа. Богатите членки мораат да ѝ понудат помош и соработка на Грција за таа да излезе на крај со целата ситуација со оглед на тоа што илјадници бегалци секојдневно доаѓаат во таа земја. Од друга страна, Грција се соочува и со должничката криза.

Крај на Шенгенот


Терористичките напади кои го погодија Париз неодамна предизвикаа страв и желба за поголема контрола во границите во Европа, особено во шенгенската зона. Нападите предизвикаа раѓање на став на граѓаните дека бегалската криза е голема закана за безбедноста во Европа. Поради тоа, се размислува за дополнителни органичувања во шенгенскиот простор, односно исфрлање на некои земји за да се добие поголема контрола. Една од најмоќните личности во Европа, Ангела Меркел, се наоѓа под голем притисок поради отворената политика кон мигрантите.

Турција како членка на ЕУ


Поради бегалската криза, унијата сериозно размислува да ја прифати Турција под своја заштита како членка доколку во замена Турција задржи мигранти. Примањето на Турција како членка на унијата е проблематично за Кипар, кој е мал остров, но и силна членка на унијата, со технички еднаков потенцијал за гласање во унијата како Франција и Германија. Кипар може да стави вето на договорот за бегалците. Решението би било помалите членки на ЕУ да се обидат да прифатат решение во споровите со Турција, како што е случајот со Кипар.

„Brexit“


Секако, една од најголемите опасности претставува „brexit“, односно излегување на Велика Британија од Европската унија. Имено, ова лето ќе се одржи референдум кој би можел да донесе токму тоа. Доколку сценариото биде најстрашно, ќе се почувствуваат последици во светската економија и трговија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот