X
 04.09.2024 Живот

Почина Бора Чорба: „Не живеам, само преживувам, овде сум како и сите странци“

Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, почина денеска на 72-годишна возраст.

Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови.

Во јануари годинава пред камерите ја покажа новата тетоважа која ја направи од љубов кон сопругата Дубравка, која е 28 години помлада од него.

- Кога ја видов, знаев дека тоа е тоа. Беше во Марибор, на католички Божиќ. Потоа отидов во Љубљана кај неа, со намера да останам еден ден, но останав седум. За брзо време ми стана јасно дека покрај неа можам да живеам и да дишам - изјави тогаш Ѓорѓевиќ.

За време на интервјуто, Чорба го цитираше и текстот на неговата нова песна во која е опишана неговата моментална состојба.

- Навистина не сакам што стареам, станувам мрзлив старец, не живеам, само преживувам, а боледувам од разни болести. Овде се чувствувам како и сите странци, додека ги „работам“ последните денови, ги држам сите луѓе на дистанца и се досадувам - изјави Бора.



Извор: Blic.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот