X
 16.04.2021 Забава

Плеј-листи за вакцинирање се најновиот тренд на „Спотифај“

Луѓето се инспирираат од разни нешта, а се чини дека и вакцините може да бидат инспирација, барем кога станува збор за музиката што се слуша. Доколку „вакцина-селфито“ ви здодеа, запознајте се со „плеј-листата за вакцинирање“.

Според платформата „Спотифај“, корисниците низ светот од 1 јануари создале над 7.700 вакви плеј-листи. На нив може да слушнете песни од Лејди Гага, Битлси, Доли Партон и многу други. Впрочем, би било неблагодарно доколку песните на Доли Партон не се најдат на овие плеј-листи бидејќи ѕвездата донирала за создавањето на вакцината против коронавирусот на „Модерна“.

Од „Спотифај“ изјавиле дека бројот на плеј-листи инспирирани од вакцините се зголемил за 350% во последните 90 дена. За оние што немаат време да креираат сопствена плеј-листа, платформата нуди плеј-листи кои може да ги слушате додека ја чекате вакцината (барајте „Vaccine songs“).

Досега во светот биле примени над 800 милиони дози на вакцини против коронавирусот.

Автор: Лесли Кец
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава