Музиката на „Битлси“, највлијателниот бенд на сите времиња, опстојува повеќе од пет децении и се чини дека ги има преминато сите културни граници.
Освен тоа, приспособливоста на песните на „Битлси“ има некаква врска со нивната моќ на опстојување: тие се препознатливи дури и ако некој ги пее со различен глас, ако се свират на различни инструменти и ако се поставени во различни културни контексти.
Така, на пример, еден јапонски будистички монах, кој себеси се нарекува Косан, на интересен начин ја изведува „Yellow Submarine“ на „Битлси“.
Јутјуб-корисниците се воодушевени од монашката верзија, а Косан не застанува тука. Тој изведува и други
песни, како „Teenage Lobotomy“, „We Will Rock You“ на „Квин“ и други познати хитови.
Фото: Screenshot/YouTube