Фудбалскиот клуб „Барселона“ стана првиот спортски клуб што има приходи поголеми од една милијарда долари.
Каталонскиот клуб соопшти дека во сезоната 2017-2018 заработил 1,05 милијарда долари, наведувајќи дека осма година по ред завршил со профит, со добивка од 188 милиони евра од 2010 година.
Ова е петта година по ред како овој клуб го руши сопствениот рекорд.
Од клубот соопштија дека неговиот буџет за сезоната 2018-2019 година, кој ќе биде одобрен овој месец, предвидува заработка од 1,1 милијарда долари, со стратешки план до 2021 година да оствари приход од 1,15 милијарда долари.
Една од главните причини за зголемување на приходите бил новиот циклус уплати од УЕФА за Лигата на
шампионите.