Новооткриениот прост број го собори рекордот за најдолгиот прост број што некогаш бил пронајден, а воедно содржи 23.249.425 цифри. Наречен е „M77232917“ и е 50-тиот прост број од овој тип што некогаш бил откриен.
фото извор: KRMG.com
Го добил името „Мерсен“ прост број, кој е пронајден преку множење на 2-ки многу пати, па одземајќи една од финалниот број, или поточно преку множење на 2-ки 77.232.917 пати, а потоа одземајќи една 2-ка. Бројот има речиси еден милион цифри повеќе од претходниот прост број што го држеше рекордот. Како што броевите стануваат подолги, простите броеви (оние што се деливи само со 1 и со себе), стануваат сè потешки за пронаоѓање. Нема шема за нивна дистрибуција, па не е толку едноставно како што е користењето на алгоритам.
Дури и формулата за пронаоѓање на „Мерсен“ прости броеви, кои се именувани според свештеникот од 17 век Марин Мерсен, кој ги проучувал, не е сигурна метода, туку е само начин за насочување кон местата каде што може да се пронајдат. По користењето на формулата за креирање број, потоа мора да се помине процес на тестирање, делејќи го со секој број што би можел да биде фактор. За долги броеви, ова навистина одзема време.
Бројот бил пронајден на 26 декември 2017 година. Доказот за него одзел 6 дена непрестајна работа на компјутер. 4 различни софтверски програми работеле на 4 различни хардверски конфигурации, кои исто така го тестирале бројот за да го утврдат пронајдокот. Интересно е што ако сакате да го испечатите овој број, ќе ви бидат потребни 9.000 страници, или уште може да се каже дека тој се протега на 118 километри.
Простите броеви најчесто се користат во шифри бидејќи е многу тешко да се откријат. Колку што се подолги простите
броеви, толку посилен ќе биде компјутерот кој ги содржи како шифри. За математичарите, пак, потрагата по прости броеви е како потрага по богатство. Дури и буквално, за откривање нови рекорди се доделуваат и парични награди.
Ако сакате, новооткриениот прост број можете да го преземете на овој
линк.