X
 15.03.2019 Наука

Јапонката Ема Харука Ивао го сруши рекордот во должината на бројот Пи

Вредноста на бројот Пи е пресметана со нова светска рекордна должина од 31 билион цифри, далеку од претходниот рекорд со 22 билиона.

Јапонката Ема Харука Ивао, вработена во „Гугл“, ги откри новите цифри со помош на „cloud computing“ услугата на „Гугл“.

Пи е ирационален реален број кој го претставува односот на обиколката на една кружница со нејзиниот пречник во Евклидовата геометрија. Првите бројки 3,14 се добро познати, но бројот е бесконечно долг.

Проширувањето на познатата секвенција на цифри во Пи е тешко бидејќи бројот не следи ниедна поставена шема.

Пи се користи во инженерството, физиката, суперкомпјутерите и за истражување на вселената - бидејќи неговата вредност може да се користи во пресметка за бранови, кругови и цилиндри.

pi
Фото: Getty Images


Истражувањето за подолга верзија на Пи е нешто со кое математичарите се занимаваат долго време. Ема Ивао изјави дека уште како дете била фасцинирана од бројот.

Пресметувањето барало 170 терабајти податоци. Го извршувале 25 виртуелни машини на кои им биле потребни 120 дена за да завршат.

- Изненадена сум. Сè уште се обидувам да се приспособам на реалноста. Светскиот рекорд беше навистина тежок - вели таа и додава дека сè уште се надева дека нејзиното дело ќе се прошири.

- Нема крај со Пи, би сакала да се обидам со повеќе цифри - вели таа.

Би биле потребни 332.064 години за да се каже 31,4 билиони цифрен број.

- Пи не се користи само за мерење кругови, туку се појавува и во пресметки на многу нешта - вели математичарот Мет Паркер.

- Модерната математика, физика, инженерство и технологија не би можеле да функционираат без Пи - додава тој.

Во 2010 година Николас Ше го искористил „cloud computing“ на „Јаху“ за да пресмета дека две квадрилионични цифри на Пи се нула - пресметка за која би биле потребни 500 години да се направи на стандарден компјутер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука