X
 04.10.2020 Култура

Придобивките од голема домашна библиотека, дури и ако не сте ја прочитале секоја книга

Читањето книги очигледно може да ве направи подобар, попаметен сопственик на мал бизнис. Но, читањето носи и други придобивки.

Книгите можат да го намалат стресот; читањето и само шест минути може да го намали вашето ниво на стрес до 68 отсто. Книгите можат да го забават когнитивното стареење; во споредба со луѓето што не читаат, читачите искусуваат 32 отсто пониска стапка на ментален пад во нивните подоцнежни години. Книгите дури и можат да ви го променат мозокот, барем на краток рок: читањето може да ја зголеми поврзаноста во области на мозокот одговорни за јазикот и сензацијата. Ако се прашувате, 80 книги резултираат со „просечно ниво“, а вештините се подобруваат со околу 350 книги, по што перформансите се израмнуваат.

Јасна е предноста за амбициозните претприемачи или за која било друга кариера. Комуникациските вештини се главни: за лидерство, за помош, за инспирирање на вработените и партнерите, за споделување на вашата визија и мисија. Важни се и математичките вештини, ако не можете да ги разберете бројките на вашиот бизнис, нема ни да имате бизнис.

Што се однесува до собирање и анализа на информации: Како можете да реагирате на нови конкуренти, нови технологии и нови услови на пазарот без да можете да ги разберете податоците и да ги претворите во разузнавачка активност?

- Социјализацијата ориентирана кон книгите, индицирана со големината на домашната библиотека, ги подготвува младите со доживотни вештини и знаење. Растењето со домашна библиотека ги зголемува вештините на возрасните (писменост и решавање проблеми со возрасните) над придобивките стекнати од образованието на родителот и сопственото професионално достигнување - велат експертите.

1
Фото: Unsplash

Тоа значи дека децата што растат во дом каде што читањето е многу ценето имаат поголема веројатност да станат страсни читатели.

Возрасните што пораснале со релативно малку книги во нивните домови, а подоцна се стекнале со високо образование, имале нивоа на писменост приближно еднакви на возрасните што пораснале во дом со големи библиотеки, но учеле само девет години. Како што пишуваат истражувачите, книжевната адолесценција придонесува за добар дел од образовната предност во однос на писменоста.

Но, пополнувањето на една просторија со книги нема да направи вашите деца или вие да бидете попаметни. Фактот дека имате голема библиотека може да укажува на тоа дека го цените доживотното образование - и формалното и неформалното. И двата вида се важни за успех во работата. Исто така, може да значи дека имате поголема веројатност да охрабрувате, негувате и поддржувате интелектуелен раст и развој на вашите деца.

Но, постои и ова: опкружувањето со повеќе книги отколку што некогаш би можеле да прочитате кажува добри работи за вашиот ум. Овие книги служат како постојан потсетник за сите работи што не ги знаете - што ви помага да бидете интелектуално гладни и вечно љубопитни.

И можеби поради тоа ќе бидете помалку скромни, бидејќи истражувањата покажуваат дека колку побрзо ќе си признаете дека не знаете нешто, толку побрзо ќе можете да го научите нештото. Како што вели Џеф Безос, клучен знак за интелигенција е подготвеноста да се премислите, нешто што се случува само доколку сте подготвени да признаете дека вашето размислување можеби и не е најдоброто.

Што значи, ако ништо друго, кога ќе ги видите сите тие книги што не сте ги прочитале, ќе ве потсетат колку работи не знаете.

Извор: Inc.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура