X
 21.04.2015 Култура

Најкатастрофалните авионски несреќи во историјата на поранешна Југославија

Постојано не` уверуваат дека авионите се најсигурното превозно средство и дека авионските несреќи се случуваат многу ретко. Но, кога ќе се случат (сите имаме чувство дека се случуваат се` почесто, иако реалноста се коси со нашето чувство), ретки се оние кои преживуваат, и може да се каже дека навистина имале среќа.

 

несреќа


Историјата на Југославија сведочи за неколку катастрофални авионски несреќи кои се случиле во редовите на ЈАТ. Освен оние најстрашните, има и неколку авионски несреќи во кои немало жртви, меѓутоа поради чудните околности и мистеријата, останале запаметени. Голем дел од нив се поврзуваат со теории на заговор, од проектили до убиство на стујардеса која го преживеала летот.

1. Преживеана стујардеса во Гинисовата книга (1972 година)

 

1


Една од најголемите авионски несреќи на ЈАТ се случила на 26 јануари 1972 година кога патничкиот авион DC-9 на летот од Стокхолм за Загреб се срушил во снежните планини од висина на 10.050 метри во близина на селото Српска Каменица во тогашна Чехословачка. Од 23 патници и 5 членови на екипажот единствена преживеана беше тогаш 22 годишната стујардеса Весна Вуловиќ која не требало да биде во авионот, бидејќи тој лет била на замена.

Од падот таа го скршила черепот, неколку пршлени и двете нозе. 27 дена била во кома, но после 16 месеци се вратила на работа. Меѓутоа, решила повеќе да не работи како стујардеса. Вуловиќ е запишана во Гинисовата книга на рекорди како личност која го преживеала падот од толкава височина без падобран.

Властите на двете држави спровеле заедничка истрага во која била наведено дека авионот се срушил поради бомба. Меѓутоа дури и после 43 години и понатаму постои теорија дека воздушната одбрана на Чехословачка по грешка го погоди авионот на ЈАТ со проектил, па за да се сокрие измислила приказна за бомба.

2. Пупачиќ починал во втората најголема авионска несреќа (1971 година)

 

2


Во авионска несреќа која се случила на 23 мај 1971 година во 19.45 часот, кога патничкиот авион Tupoljev TU 134A слетал на аеродромот во близина на Омишаљ на островот Крк, од 76 патници преживеал само еден. Меѓу загинатите бил и писателот Јосип Пупачиќ со неговата сопруга и неговите ќерки. Од седумте членови на екипажот починале четворица. Ова се смета за втора по големина авионска несреќа во воздушниот простор на Југославија.

Патот до Лондон поминал нормално, меѓутоа проблемите започнале дури четири километри пред авионот да слета на аеродромот во Крк. Авионот влетал во ужасна бура над Риека, а кога слетувал со 260 километри на час, со крилото удрил во пистата. Тој набрзо се запалил, а патниците се нашле заробени во делот кај лизгачките врати меѓу копилотот и патничкиот простор поради деформација на горниот дел од телото на авионот. Повеќето од нив починале поради труење со јаглерод диоксид.

3. Ко-пилотот не сакал да ги открие причините за несреќата (1956 година)

 

Патничкиот авион Convair CV-340 на 22 декември 1956 година го напуштил аеродромот во Виена во 18.37 часот и се упатил кон Минхен. Во 20.33 часот екипажот испратил сигнал дека се наоѓа во близина на аеродромот и дека започнува со слетување. На пет километри пред патеката, капетанот Срѓановиќ брзо ја изгубил надморската височина и удрил со тркалата на земјата - од авионот започнале да паѓаат делови, трупот се превртил и се лизгал 400 метри после првиот контакт со земјата.

Во несреќата животот го изгубиле двајца членови на екипажот (еден од нив и пилотот), а од 27 патници починал само еден. Ко-пилотот не сакал да соработува во текот на истрагата за причините на несреќата. Шокиран поради падот, но и наводно советуван, тој инсистирал дека не се сеќава на ништо, и поради неговата упорност 7 години не летал. Повторно започнал да лета во 1963 година, а 2 години подоцна загинал во авионска несреќа во авионот DC-3 при неуспешно полетување. Бил сам во авионот.

4. Контролорите на летот не ја поминале обуката (1973 година)

 

4


Една од најсмртоносните авионски несреќи на ЈАТ се случила на 11 септември 1973 година, кога авионот Carvella SE-210 летал од Скопје за Подгорица (тогашен Титоград) и удрил во планинскиот врв на Бабин Заб. Во несреќата починале сите 35 патници и 6 членови на екипажот. Веројатно никогаш со сигурност нема да се открие зошто искусниот капетан Живојин Маглиќ, кој претходно бил пилот на Тито, отишол по друга рута, и зошто по маглата почнал со понирање пред да го прелета високиот планински масив.

Тој ден авионот имал рута Сараево-Титоград-Приштина-Скопје и враќајќи се во Скопје, во близина на Приштина, пилотот забележал дека барометарот е расипан и дека не може да се воспостави врска со контролата во Титоград. Последните инструкции од контролната кула биле „намалете ја висината на понирање пред слетување на аеродромот“, што било фатално.

Авионот со брзина од 400 километри на час удрил во врвот Маганик, на висина од 1.600 метри и се преполовил во на два дела. Со години се шпекулирало дека никој од контролниот лет во кулата не поминал соодветна обука за работата. На местото на ужасната трагедија први пристигнале жителите на околните села кои пронашле расфрлени делови од човечки тела и парчиња од авиони. И ден денес на недостапниот врв постои црн белег на местото кадешто авионот удрил и експлодирал.

5. Kaрактерот на капетанот и новите инструменти (1955 година)


Авионот Convair CV-340 на 10 октомври 1955 година полетал од Белград до Виена. Два часа после почетокот на летот, екипажот се јавил во контролната кула во Виена, која одобрила слетување на пониска надморска височина во рамките на подготовките за слетување. 15 минути подоцна, авионот се урнал во планината Каленберг над Виена. Иако истражувачите во соопштението велат дека причината за несреќата била лошата подготовка за слетување, многу луѓе тврдат дека за несреќата бил виновен капетанот Ромео Адум.

Како капетан, но и човек, Ромео бил исклучително тежок за соработка. Неговите соработници ко-пилоти велат дека кон нив се однесувал омаловажувачки, а како пилот бил внимателен, па дури и плашлив. Лошите временски услови, како и тоа што екипажот не бил доволно запознаен со новите инструменти, и неговиот ужасен карактер кој не дозволувал ни во најтешките моменти да побара помош од ко-пилотот (кој до последен момент се обидувал да го подигне авионот) биле причина за несреќата.

Капетанот удрил во самиот врв на ридот, авионот се преполовил, а другиот дел останал да виси на дрвјата. Од опашката стујардот се обидел да ги спаси патниците од запалениот дел на авионот, но за жал 6 патници и 1 член на екипажот загинале, а 22 преживеале.

6. За се` било виновно егото? (1947 година)

 

6


Првата поголема авионска несреќа после втората Светска војна на просторите на поранешна Југославија се случила на 27 септември 1947 година, кога воен авион полетал од Белград до Подгорица. Капетанот Врашаревиќ, го подигнал авионот од Белград и покрај густата магла и силниот ветер тој продолжил со летот за Подгорица.

Без точна позиција и било какви податоци за силата и правецот на ветрот и без радио врска, секој капетан би се вратил во Белград. Меѓутоа, егото на капетанот Врашаревиќ било посилно и од здравиот разум. Тој знаел дека ако се врати во Белград ќе биде исмејуван од неговите колеги и шефови, и загрижен дека тоа може да влијае врз неговата работа, одлучил да не се врати. Удрил во врвот Румија и сите 22 патници загинале.

7. Судир на два авиони во воздухот (1976 година)

 

7


Најголемата авионска несреќа во историјата на Југославија се случила на 10 септември 1976 година во 11.15 часот на 10.000 метри над Врбовец, Хрватска се судрија авионите Douglas DC-9 oд компанијата Inex-Adria Aviopromet и Hawker Siddeley Trident 3B British Airways. Загинаа вкупно 176 лица - сите 162 патници и 14 членови на екипажот од двата авиони.

Кога пилотот на авионот Сплит побарал зголемување на височината, контролорот го префрлил кај дру колега, кој открил дека авионот се искачува на висина која веќе била зафатена. Иако на пилотот му кажале дека не треба повеќе да го подигнува авионот, веќе било предоцна. Двата авиони се судриле со брзина од 900 километри на час, а оваа несреќа се смета за една од најтешките четири во историјата на светот. Животот го загубиле 176 лица. Контролорот на летање, тогаш 28 годишниот Градимир Тасиќ, бил прогласен за одговорен за несреќата и осуден на 7 години затвор. Подоцна, судската одлука била намалена и порано бил пуштен од затворот поради петиција од неговите колеги.

8. Авион удрил во планината Медведеница (1950 година)


Летот од Белград кон Загреб на 21 септември 1950 година течел беспрекорно. Кога капетанот Бора Марковиќ го прелетал Сисак, го спуштил авионот на 600 метри висина и продолжил со летот кон аеродромот Лучко. Меѓутоа, започнале да надоаѓаат облаци, такашто авионот се урнал во планиниата Медведеница. Преживеал само еден патник. Денес оваа авионска несреќа се наведува како пример за погрешна одлука за летање над облаците.

9. Мистерија за несреќата на американскиот секретар (1996 година)

 

9


третата несреќа по број на загинати, а и според многумина поради мистеријата, се случила на 3 април 1996 година кога авионот на американските воздухопловни сили CT-43 (модифициран Boeing 737) кој бил на официјална трговска мисија во Хрвтска, се урнал во близина на Дубровник. Во авионот бил американскиот секретар за трговија Рон Браун и 34 други членови на делегацијата. Додека авионот се приближувал на аеродромот во Дубровник, се урнал во планината Свети Иван, а како главна причина за несреќата, истражувачите ја истакнуваат грешката на екипажот при подготовка на инструментите.

Но, многу тврдат дека Рон Браун бил убиен. Што навистина се случило во авионот знаела само единствената преживеана стујардеса Шели Кели. Откако била извадена од авионот, лекарите процениле дека има сериозни повреди. Таа починала кратко време откако спасувачите ја носеле до Брзата помош. Поради лошото времеи дождот, во потрагата по авионот не можеле да учествуваат хеликоптери.

10. Од авионот кој горел, се спасувала дури и поштата (1951 година)


Првата несреќа на ЈАТ се случила на 8 јуни 1951 година. Авионот Convair CV-340 се запалил во воздух, на висина од 1.500 метри, а причината за пожарот бил пакет кој се наоѓал во багажниот простор. Екипажот успеал да го приземји авионот на ливада на 60 километри од Минхен, а преполовениот авион целосно  изгорел. За среќа сите патници и членови на екипажот преживеале, благодарение на храброста и присебноста на екипажот, која дури ја спасила и поштата.

11. Авионот урнат од бура (1951 година)


За брзо време после полетувањето, авионот Ju-52 со цел да ја одмине бурата, капетанот Бижа Милетиќ на 29 јуни 1951 година со голема брзина тргнал од Риека кон Загреб. Тој бил уверен дека може да ја претекне бурата која беснеела со 200 километри на час, таа го соборила авионот на ридот Остра во подножјето на планината Рисњак. Погинале сите 15 патници и членови на екипажот.

 

Авионските несреќи во Македонија

На 5 март 1993 година, на полетување од Скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници. Во несреќата загинаа 86 лица. Во аналите за несреќата, е запишано дека причина за падот на Фокерот е тоа што крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.

Осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година кај Охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе - само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета. Меѓутоа поради лошите временски услови беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во блиската Тројан-планина.

 

10

 

Во авионска несреќа надвор од Македонија, на 26 февруари 2004, во близина на Мостар загинаа македонскиот претседателот Борис Трајковски, шест негови соработници и двајцата пилоти на владиниот „Кингер“.

 

Првата авионска несреќа во Македонија од цивилен карактер, според хроничарите на македонското воздухопловство, се случила на 22 октомври 1951 година. Авионот на ЈАТ, Douglas C-47А-20-DК со регистрација YU-АCC, што полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје. Загинале 12 луѓе.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура