X
 05.06.2015 Култура

Работи кои ќе ве изненадат за животот во Јужна Кореја

Голема е веројатноста кога ќе одите во Кореја да ве удри културен шок. Возење на мотори на тротоари, парови со исти маици, достава на сосема други видови на храна освен хамбургери и пица.

 

кореја


Ќе ви биде потребно време да се навикнете на животот во Кореја. Нормално, животниот стил е различен низ државите, а Кореја има свој шарм и модерниот живот се разликува доста од Западот. Затоа ви нудиме неколку работи кои ќе ве изненадат за животот во оваа земја.

1. Достава на храна

 

2


Доставата на храна не е нешто непознато за повеќето земји, меѓутоа во Кореја освен брза храна, може да се доставува и друга храна како на пример супа, традиционални јадења и слично.

Доставувањето на храната е доста брзо - од 10 до 30 минути.

2. Возачите на доставата возат на тротоарите

 

3


Замислете да си одите по тротоар, а покрај вас да помине човек со мотор кој е во толкава брзина да ја достави храната што повеќе и не се грижи за неговата безбедност.

Доставата на брза храна е доста сериозен бизнис во Кореја. За да стигнат навреме возачите често пати одат по краток пат, вклучувајќи и тротоари. Да, илегално е, и да, нормално е за Корејците.

3. Никој не се грижи за Северна Кореја

 

4


Северна Кореја е опасна држава, и е полна со проектили, тенкови, артилерија и ја има една од најголемите армии во светот. Сепак, кога станува збор за нивниот секојдневне живот, Јужнокорејците не се грижат за комунистичката вооружена нација на север.

4. Насекаде има караоке соби

 

4


Сакате да пеете на караоке? Кореја ќе ве поддржи. Скоро на секој блок во Сеул, Бусан и други градови постои „нораебанг“ - соба за пеење.

Караокето во Кореја е една од најубавите активности меѓу Корејците. Дури и ако вашите способности за пеење не се воодушевувачки, целта е да се дружите со вашите пријатели и да ги пеете омилените песни.

5. На секој обожавател на бејзбол омилен тим му е ЛА Доџерс

 

5


Едно име. Три зборови. Руи Хуин-џин. Тој е дел од тимот на Доџерсите и секако, тој е Кореец.

6. Кореја се`уште користи Internet Explorer

 

6


Скоро сите корејски веб страни и интернет корисници се зависни од Internet Explorer. Кореја е „во брак“ со овој пребарувач уште од далечната 1999 година и се`уште не планира да го промени. Всушност, едно истражување од 2004-2009 година покажа дека 99% од Корејците го користат овој пребарувач.

Зошто е тоа така?

Во 1999 година, Кореја создаде сопствен протокол за безбедност за да го направи онлајн купувањето побезбедно. Оваа програма од Корејците бараше да ги стават имињата и нивниот социјален број за да аплицираат за „дигитални сертификати“ од владата. Од таму, тие на онлајн купувачот можат да му го покажат сертификатот како доказ и трансакцијата ќе продолжи.

Но, поради оваа безбедносна програма сите Корејци мораа да користат Active X кој е поврзан со Internet Explorer.

Меѓутоа голем дел од Корејците сметаат дека Internet Explorer е застарен.

7. Луѓето сметаат дека сте дебели ако не носите број 0

 

8


„Премногу си дебел“ е честа фраза која се користи во Кореја. Ако не сте број 0, тогаш сигурно од вашите блиски ќе слушнете коментари дека сте „многу дебели/полнички/буцкасти“.

Стандардот на убавина во Кореја често пати е доведен до лудило. Кога ќе ја посетите Кореја, за брзо време ќе научите дека постојат два стандарди за тежина: нормална тежина и корејски деебел. Некој кој се смета за слаб или добро граден на Западот, во Кореја е дебел.

Корејските мајки најмногу се познати по тоа што постојано ги критикуваат своите ќерки за нивниот изглед. Стандардите за тежина се толку високи што потребно е да се има половината на Џафар од Аладин за луѓето да бидат задоволни.

8. Селка (селфи) стаповите се неверојатно популарни

 

9


Селфи фотографиите се доста популарни. Селфи стаповите наречени селка или Self camera, луѓето постојано ги носат со себе.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура