Како би изгледало едно општество без бракови? Прашање кое само од себе се поставува со оглед на тоа што насекаде низ светот се` повеќе расте бројот на немажени жени.
На пример, во Америка околу 40% од бебињата се родени надвор од брак, а станува збор за држава која по ова прашање е некаде во средината. Од друга страна, конзервативна Турција има само 3% немажени мајки.
На врвот на листата, односно светски лидер во бројот на немажени мајки е Исланд. Повеќе од две третини од бебињата во Исланд, дури 67%, се родени во заедници кои не се озаконети. Ова за некои општества може да е срамен факт, меѓутоа Исланѓаните немаат ваков проблем и тие се гордди на ова.
Со околу 320.000 жители Исланд има помалку население од Тулса, Оклахома, но затоа повеќе гејзери, глечери и чиста вода отколку земјите кои се десет пати поголеми. Со прекрасни пејзажи кои беа инспирација за најпопуларните филмови како „Lord of the rings“ и „Game of thrones“ Исланд конечно доживува туристички бум.
Но, меѓу другите нации, па и туристите кои доаѓаат во Исланд и се запознаваат со актуелните податоци за бројот на немажени мајки, се создава страв дека Исланѓаните со овој начин на живот може да ги уништат сите оние верувата за љубовта и бракот како дел од неа.
„Имате ужасен впечаток за скршено семејство. Семејството може да е такво само ако човек се развел. Но, тоа не е случај во Исланд. Ние ивееме во толку мала и безбедна средина, а жените имаат огромна слобода. Ова е начин да го изберете вашиот живот“, вели Исланѓанката Брендис Асмундотир.
Брендис има три деца со двајца партнери, и не жали ниту пак се срами од нешто. Таа објаснува дека не постои никакво правило дека ако една жена е бремена таа треба да биде во брак, освен можеби кај оние религиозни малцинства кои се`уште ги осудуваат ваквите случаи. Нејзината земја гарантира едно од најатрактивните родителски отсуства во светот, 9 месеци со 80% од платата (три месеци за мајката, три за таткото и уште кои можат да се поделат).
Со оглед на оваа политика, жените се охрабрени на бременоста, нив не им е потребен венчален прстен за да можат да планираат деца.
„Мислиме дека дијамантот е зло“, вели Брендис низ насмевка, објаснувајќи дека тоа е норма.
Ситуацијата во Исланд не е баш идеална. Земјата се`уште е во големи долгови од 2008 година кога беше погодена од голема банкарска криза. Но, што се однесува до граѓаните, љубовта е се` што им е потребно.