X
 04.10.2022 Живот

Бонуси до 3.000 евра за работниците во Германија

Работниците во Германија ќе можат да добијат регрес и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација, одлучи Бундестагот.

Олеснувањето ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашањето дали работодавците воопшто можат да ги исплаќаат овие бонуси. Претседателот на синдикатот на работодавци, Рајнер Дулгер, рече дека не сите компании се во можност да се изложат на такви трошоци.

Уште за време на пандемијата постоеше можност да се исплати премија без данок. Сепак, не се знае колку фирми им исплатиле на работниците и за колкави суми станува збор.

Предуслов за даночно ослободување е парите да бидат исплатени покрај редовната плата. Дополнително, работодавецот мора да наведе дека се работи за паушален износ кој е поврзан со поскапувањата. Во случај на корисници на социјална помош, премијата не треба да се смета како приход.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот