Најновите податоци од Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016 година, изнесува 101.8.
Зголемувањето се должи поради зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Уметност, забава и рекреација (8.0%) и Градежништво (7.3%), додека намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.1%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.8%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.2%).
Ова се дејностите кои земаат највисоки нето плати во Македонија:
Компјутерско програмирање 47.630,00 денари
Финансиско-услужни дејности 43.985,00 денари
Правни и сметководствени дејности 42.356,00 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 36.394,00 денари
Дејности на организации врз база на зачленување 34.036,00 денари
Осигурување, реосигурување и пензиски фондови 33.957,00 денари
Целиот извештај можете да го погледнете ТУКА.