X
 04.10.2023 Култура

Дали технологијата отиде предалеку? Гласот на Робин Вилијамс оживеан со вештачка интелигенција

Холивудските сценаристи, чиј штрајк ја блокира филмската индустрија речиси пет месеци, неодамна постигнаа договор со претставниците на студијата, што значи дека се вратија на работа. Меѓу другото, едно од нивните барања беше да се ограничи употребата на вештачката интелигенција.

Оваа идеја беше поддржана од Зелда Вилијамс, ќерка на починатиот славен актер Робин Вилијамс. Таа открила дека некој се обидел да го оживее гласот на нејзиниот татко со помош на вештачка интелигенција.

- Веќе слушнав дека вештачката интелигенција го користела неговиот глас за да каже што сакаат луѓето и тоа го сметам за вознемирувачки. Последиците од сето тоа ги надминуваат моите чувства - објаснила Зелда.

Поминаа девет години од смртта на актерот.

Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура