X
 31.01.2017 Технологија

Дали роботот треба да одговара за своите постапки?

Првиот документ за правниот статус и одговорноста на роботот би можел наскоро да биде донесен во Европа.


Одборот за правни прашања на Европскиот парламент веќе го усвоил нацртот на оваа резолуција на 12 јануари, а во февруари се очекува гласање во парламентот. Документот е богат со провокативни детали, а најголемо внимание привлекува фактот дека, доколку биде усвоен, некои видови на роботи ќе добијат статус на „електрични личности“.

Реакциите за ова се прилично бурни, но треба да се има предвид дека не се работи за изедначување на работата со човекот, туку статусот може да се спореди со статусот на „правно лице“.

Одговорноста на машината

Авторката на нацртот Меди Делво, рекла дека напредокот во роботиката и развојот на вештачката интелигенција ги преоѓа постоечките правни рамки, па е неопходно да се изгради нов нацрт, кој меѓу другото ќе се фокусира на одговорноста на машината, но и на правилата на нивното производство и употребата како и некои социјални прашања.

Целта на документот е да биде делотворен во наредните децении кога се претпоставува дека ќе дојде до поголем развој на вештачката интелигенција. Голем дел од нацртот се однесува на можноста еден ден роботите да бидат способни да ја надминат човековата интелектуална способност. Чива ќе биде тогаш одговорноста за нивните постапки? Ова е едно до клучните прашања, а освен безбедноста, приватноста, достоинството и автономијата, документот ги разгледува и прашањата за стандардизација, интелектуална сопственост и сопствеништво на податоци. Во нацртот се предлага основање на Европска агенција за роботика и вештачка интелигенција која би требало да обезбеди техничка, етичка и правна експертиза во проблематични ситуации.

За сега, тие правила се насочени на оние кои ги дизајнираат и користат роботите, а налагаат дека роботот никогаш не смее да повреди човечко битие, ниту со недејствување да дозволи да биде повредено, да мора да ги слуша наредбите кои му ги доделил човекот доколку не се во спротивност со законот и да мора да ја штити својата егзистенција додека тоа исто така,  не се противи на законот.

Најпаметен меѓу машините

Додека човекот може да го предвиви однесувањето на роботот, до тогаш е и одговорен за неговите постапки. Меѓутоа, како што автономијата на роботот расте, така човекот станува помалку одговорен, па новиот документ се обидува на роботот да му додели статус на „електронска личност“, на која ќе се префрли барем дел од одговорноста и обврските. Одговорноста треба да биде пропорционална со инструкциите кои роботот ги добил и неговата способност за самостојно учење.

Во новиот документ се предлагаат и кодекси кои би требло да ги почитуваат инжинерите, дизајнерите, етичките комитети и самите корисници на роботите. Така корисникот има право да очекува од роботот да изврши било каква задача за која е експлицитно дизајниран, но не смее да го модификува така што ќе го користи како оружје. Едно од правилата, доколку документот биде усвоен, за европскте дизајнери е дека роботот не смее никако да личи на вистински човек, за да не дојде до забуна кога ќе биде во интеракција со луѓе. Се зема предвид и стравот дека во иднина роботите би можеле да ги заменат луѓето на работните места.

Новата регулатива на Европскиот парламент би можела да ги обврзе сопствениците на роботите кои ги користат како работници, да плаќаат осигурување. Освен тоа, од компанијата би се барало јавно да прикаже колку пари се заштедени со тоа што луѓето ги замениле со роботи, како и да ги регистрираат сите паметни автономни роботи.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија