X
 04.11.2017 Култура

Модерни филмски класици што мора да ги гледате барем еднаш во животот

„Индипендент“ дава листа од 20 филмски наслови од последните 15 години што мора да ги проследите. Некои можеби веќе сте ги гледале, но нема да ви штети ако го направите тоа уште еднаш.

1. „Дони Дарко“ (2001)

Џејк Џиленхал бил на пат да стане познат актер кога ја добил главната улога и толкува проблематичен тинејџер кој го мачат визии од иднината и еден чуден зајак во култниот класик „Дони Дарко“. Слика за лутината на младите Американци.



2. „Луди за оружје“ (2002)

Филм на Мајкл Мур. Контроверзниот режисер, американската опседнатост со оружје ја отсликува со помош на настаните поврзани со масакрот во средното училиште Колумбин.

3. „Божјиот град“ (2002)

Елегантен поглед на сиромашниот дел во Рио де Жанеиро – се раскажува за животот на две момчиња кои растат опкружени со дрога и оружје. Актерската екипа е составена од актери аматери, а освен насилната тематика, филмот крие и одредена комичност во себе.

4. „Вечниот сјај на непобедливиот ум“ (2004)

Една од најоригиналните љубовни приказни во последните 15 години. Џим Кери во едно од своите најдобри изданија го игра Џоел, кој по раскинувањето со девојката, во чија улога е Кејт Винслет, оди кај доктор кој брише луѓе од сеќавањето.



5. „Супер големина од мене“ (2004)

Што се случува кога еден месец јадете само во „Мекдоналдс“? Филмот е причината поради која синџирот на ресторани за брза храна си го промени своето мени.

6. „Нема земја за старите луѓе“ (2007)

Браќата Коен креирале современ вестер со адаптација на романот на Кормак Мекарти. Џош Бролин е човекот кој наоѓа ковчег со пари, а Хавиер Барем е психотичен убиец.

7. „Рататуј“ (2007)

Анимиран филм кој не е само за деца и раскажува приказна за глушецот кој сака да стане шеф за готвење.

8. „Ќе има крв“ (2007)

Режија на Пол Томас Андерсон – епски филм на бројни начини, меѓу кои и поради одличната глума на Даниел Деј Луис.

9. „Зодијак“ (2007)

Режија на Дејвид Финчер, познат по својата приврзаност за мрачни теми. Џејк Џиленхал глуми илустратор кој е опседнат со убиец, па ја продолжува истрагата која полицајците ја запираат. Напнатоста постојано расте бидејќи до крајот на филмот секој може да биде убиецот.



10. „Човек на жица“ (2008)

Документарен филм награден со „Оскар“, го прикажува животот на луѓето кои оделе на жица помеѓу њујоршките „близначки“.

11. „Воли“ (2008)

Едно од најдобрите дела на „Пиксар“. Љубовна приказна, климатски промени – ова не е само филм за заљубен робот.

12. „Немилосрдни гадови“ (2009)

Филм на легендарниот Квентин Тарантино за нацистите и група американски Евреи – војници, чија мисија е да убијат што повеќе нацисти за време на Втората светска војна.

13. „Почеток“ (2010)

Филм на Кристофер Нолан кој е голема игра со нашиот ум. Одлична изведба на Леонардо ди Каприо и останатиот дел од екипата кои не водат до најдлабоките слоеви на потсвеста.

14. „Деверици“ (2011)

Филмот кој покажа дека и жените можат да бидат неверојатно духовити.

15. „Возење“ (2011)

Трилер по пример на 80-тите со Рајан Гослинг.

16. „Прекинувачи“ (2011)

Филм на Стив Џејмс кој ги покажува луѓето кои се обидуваат да го спречат насилството следејќи поранешни членови од банда кои се обидуваат да ги вразумат младите.

17. „Чинот на убивање“ (2012)

Приказна за геноцидот во Индонезија – филм на Џошуа Опенхајмер.

18. „Господарот“ (2012)

Филмот го одбележува генијалната глума на Филип Сејмур Хофман и Хоакин Феникс. Се раскажува за ветеранот од морнарица кој се спријателува со лидерот на една организација, а нивната ментална гимнастика го прави филмот возбудлив.



19. „Спротивна боја“ (2013)

Филм кој покажува дека во животот постои многу повеќе од секојдневната егзистенција.

20. „Растење“ (2014)

Филмот го следи животот на едно момче од адолесценција до полнолетност на необичен начин. Изгледа како документарен филм, иако не е.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура