„Метакритик“, веб-страница која ги обединува филмските критичари, ТВ-емисии, музика, книга и видеоигри, за најдобар филм за 2021 година го прогласи делото на режисерката Јасмила Жбаниќ, „Quo Vadis, Aida?“
Веб-страницата наведува дека најдобриот филм за 2021 година не е лесен за гледање и го опишува како „мачен“.
- Како приказ на она што некогаш беше опишано како најлошиот европски геноцид во повоениот период, „Quo Vaids, Aida?“ е мачен и витален во својата горчлива тага. Како студија за политичка и дипломатска инерција во справувањето со соврмените глобални човечки трагедии, не може да биде поитно - се наведува во описот.
Од веб-страницата потсетуваат дека филмот пред една година беше номиниран за „Оскар“ за најдобар меѓународен филм, а е и добитник на наградата за најдобар филм на Европските филмски награди. Јасмила Жбаниќ е прогласена за најдобар режисер на годината, а наградата за најдобра актерка ја доби Јасна Ѓуричиќ.
- Сѐ додека таа траума живее и сѐ додека не ја расчистите, додека не најдеме начин да разговараме меѓу себе и да ја процесираме таа болка, мислам дека ни се потребни вакви филмови - изјави Жбаниќ. Таа додаде дека особено ја заинтригирала опсадата на Сараево од 1992 до 1995 година, за која би можела да се направи серија бидејќи одбележала цели живот и дека на идните генерации треба да им се остави тоа сеќавање и искуство.
Во продолжение, ова се најдобрите 10. филма според „Метакритик“:
1. „Каде одиш, Аида?“ (Quo Vadis, Aida?) – 97/100
2. „Лето на душата…“ (Summer of Soul) – 96/100
3. „Малечка мама“ (Petite Maman)– 94/100
4. „Бега“, (Flee), „Меморија“ (Memoria) – 91/100
5. „Вози го мојот автомобил“ (Drive My Car), „Ликориш пица“ (Licorice Pizza) – 90/100
6. „Сувенирот: Втор дел“ (The Souvenir: Part II), „Трагедијата на Макбет“ (The Tragedy of Macbeth) – 89/100
7. „Азор“ (Azor), „Таткото“ (The Father), „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) – 88/100
8. „За бескрајноста“ (About Endlessness), „Надеж“ (Hope), „Паралелни мајки“ (Parallel Mothers), „Кадифено подземје“ (The Velvet Underground – 87/100
9. „Спасувањето“ (The Rescue) – 86/100
10. „Зелениот витез“ (Тhe Green Knight), „Без посебни знаци“ (Identifying Features), „Јуда и црниот месија“ (Judas and the Black Messiah), „Поминување“ (Passing), „Приказна од западната страна“ (West Side Story) – 85/100
ТУКА можете да ги видите најдобрите серии и видеоигри.
Фото: Screenshot/YouTube