X
 04.11.2022 Живот

Модел на жена од иднината - вака би можеле да изгледаат луѓето за 1.000 години

Тешко е да се замисли дека гледањето во малите и големите екрани секој ден по неколку часа нема никакво влијание врз изгледот на човечкото тело и текот на еволуцијата.

Обидувајќи се да визуализираат како може технологијата да ги трансформира нашите тела во следните 1.000 години, научниците ја создадоа Минди - гротескен модел на жена од иднината што се карактеризира со грпка, широк врат и прсти кои изгледаат како канџи за пишување пораки.

- Добивме научно истражување и експертско мислење на оваа тема пред да почнеме да соработуваме со 3Д-дизајнер за да создадеме иден човек чие тело физички се променило поради постојаното користење паметни телефони, лаптопи и друга технологија - велат истражувачите кои го создадоа овој 3Д-модел.

2
Фото: Tell Free Forwarding

Годините на зјапање во паметните телефони и компјутерските екрани може да резултираат со подгрбавено држење, а рацете трајно ќе бидат обликувани во канџи од постојаното држење на паметните телефони, тврдат истражувачите.

- Начинот на кој ги држиме телефоните може да предизвика тензија во одредени контактни точки и синдром на кубитален тунел - објаснува д-р Никола Ѓорѓевиќ.

- Кога работите на компјутер или гледате во телефонот, мускулите на задниот дел од вратот треба да се собираат за да ви ја држат главата нагоре - oбјаснува научникот К. Даниел Рив зошто моделот е екстремно подгрбавен.

luge
Фото: Tell Free Forwarding

- Колку повеќе гледате надолу, толку потешко вашите мускули ќе работат за да ја држите главата горе. Овие мускули може претерано да се уморат и да болат од гледање во паметни телефони и таблети или од поминување на поголемиот дел од работниот ден на компјутери - додава тој.

Извор: Daily Mail
Фото: Tell Free Forwarding
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот