X
 25.04.2019 Живот

Еден потпис ја дели сојузната држава Вашингтон од легализацијата на компостирање луѓе

Минатата недела сенаторите и конгресмените од американската сојузна држава Вашингтон го финализираа нивното одобрување на законот 5001 - дел од легислатива со кој би се легализирало компостирањето на луѓе.

Законот сега оди на бирото на гувернерот Џеј Инсли. Доколку тој го потпише, законот ќе стапи во сила во 2020 година, со што жителите на Вашингтон ќе бидат првите што ќе имаат ваква опција.

Процесот опишан во законот е наречен „рекомпозиција“, што вклучува ставање на тело во комора, по што се забрзува распаѓањето. По околу еден месец телото е трансформирано во почва полна со хранливи материи која се враќа на фамилијата или саканите на починатиот, кои потоа можат да ја искористат за да засадат дрво, да си ја потхранат градината или нешто друго.

- Во урбаната околина, каде што глобалното население е во пораст и има сè поголема побарувачка на земјиште, ова е најефикасниот и еколошки здрав метод на закопување - истакнува Трој Хотл, аналитичар за еколошка одржливост.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот