X
 28.08.2022 Живот

Колку луѓе живееле на нашата планета досега?

Годинава светот ќе има население од 8 милијарди жители. Брзиот раст на светското население е релативно нов феномен бидејќи порано имало помалку луѓе на Земјата. Ова го отвора прашањето - колку луѓе живееле на планетава досега?

Научниците во „Аур ворлд ин дејта“ направиле графикон кој покажува колку луѓе живееле на Земјата досега, а колкав дел од нив во моментов живеат.

Графиконот е направен врз основа на анализа на демографите Тошико Канеда и Карл Хоб. Тие проценуваат дека во светот живееле и починале 109 милијарди луѓе во последните 192.000 години. Доколку се додадат луѓето што живеат денес, се добива вкупен број од 117 милијарди луѓе. Тоа значи дека на секој жив човек денес има околу 14 луѓе што повеќе не се со нас.

Се проценува дека 7 отсто од сите луѓе што живееле досега се живи денес.


Фото: Max Roser/Visual Capitalist

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот