Постојат мали начини преку кои можете да ѝ помогнете на ваша блиска личност која страда од депресија, а еден од овие начини е доста едноставно - поставување на вистинските прашања.
Истражување во кое учествувале 55 возрасни луѓе кои се соочувале со депресија во период од 16 недели, открива дека одредени прашања ја подобрила нивната ментална состојба.
Наречена „Сократовско испрашување“, оваа практика им помага на депресивните луѓе да се здобијат со една поширока перспектива на темата која им предизвикува стрес. Така на пример, ако некој е анксиозен и страда од одредена ментална ситуација, ова се прашања кои би биле од вистинска корист:
Како да се биде разведен се претвора во состојба на неуспех?
Какви докази постојат дека си успеал и дека не си губитник?
Учесниците биле подложени на
когнитивна терапија, а нивните сесии биле снимени и анализирани.
Истражувачите откриле дека колку повеќе се користело вакво „Сократовско испрашување“, толку подобрувања имало во депресивните симптоми.
„Сметаме дека една од причините поради кои когнитивната терапија има трајни позитивни ефекти е тоа што пациентите учат да ги доведат во прашање нивните негативни мисли и продолжуваат да го прават ова дури и откако ќе заврши третманот“, вели Д-р Даниел Странк, еден од водечките истражувачи.