X
 04.11.2023 Наука

Глувците имаат имагинација, открија научниците

Луѓето секојдневно ја користат својата имагинација, а истражувачи од медицинскиот институт „Хауард Хјуз“ во САД неодамна открија дека некои животни, исто така, имаат имагинација.

Истражувачите создадоа нов систем кој комбинира виртуелна реалност и машина за снимање на мозокот за да ги набљудуваат мислите на глувците. Тие открија дека глувците, исто како и луѓето, можат да размислуваат за места и предмети кои не се наоѓаат пред нив, како и да замислуваат одење до некоја локација или преместување предмет.

Како и кај луѓето, во мозокот на глувците се активираат специјални нервни шеми кога замислуваат места и настани. Способноста за замислување други локации е основна за помнење минати настани и замислување можни идни сценарија. Тимот откри дека стаорците можат прецизно да ја контролираат активноста во мозокот како и луѓето, како и да ги задржат мислите на замислена локација повеќе секунди.

Истражувањето покажа и дека новиот систем може да се користи за анализа на активноста во важни делови од мозокот кај животните.


Извор: Phys
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука