Можеби имате 25 години и се чувствувате младо, но вашето тело има 40. Во денешно време кога животот се живее брзо, а стресот доведува до зголемено консумирање на цигари и алкохол и брзата храна е сè позастапена, вашето тело е принудено побрзо да старее.
Сите овие работи негативно влијаат врз вашиот организам. Проверете колку е старо вашето тело.
1. Со колку пријатели ги делите вашите проблеми?
Ниту еден (додајте 1 година)
1-3 (oдземете половина година)
4 и повеќе (одземете 1 година)
2. Колку бакнежи и прегратки добивате неделно?
Ниту еден (додајте 1 година)
1-3 (oдземете половина година)
4 и повеќе (одземете 1 година)
3. Дали можете да ги допрете прстите на ногата, а да не ги свиткате колената?
Без проблем (одземете 1 година)
Со напор (нема промени)
Милиметри се во прашање (додајте половина година)
Ми фалат 3-5 сантиметри (додајте 1 година)
Не сум ни блиску (додајте 2 години)
4. Какво е вашето тело?
Дебело (додајте 3 години)
Видливо пополнето (додајте 2 години)
Околу 5 килограми повеќе (додајте 1 година)
Совршено за мојата висина (одземете 1,5 година)
Неухрането (одземете 1 година)
5. Колкав е вашиот стомак?
Голем (додајте 1 година)
Благо заоблен (додајте половина година)
Речиси рамен (без промени)
Рамен (одземете половина година)
6. Колку често чувствувате силен недостиг на енергија?
Секојдневно (додајте 2 дена)
Секојдневно, но само по ручек (додајте 1,5 година)
Понекогаш (додајте половина година)
Никогаш (одземете 1 година)
7. Дали сте пушач?
Не, никогаш не сум пушел (одземете 3 години)
Ги оставив цигарите пред повеќе од 5 години (одземете 2 години)
Ги оставив пред 3-5 години (одземете 1 година)
Ги оставив пред 1-3 години (нема промени)
Ги оставив оваа година (додајте 1 година)
Пушам (додајте 3 години)
8. Колку алкохол сте испиле во последната година?
3 чаши или помалку (нема промени)
4 чаши (додајте половина година)
5 чаши (додајте 1 година)
Повеќе од 5 чаши (додајте 1,5 година)
9. Дали имате многу пломби и дали ви крвават непцата?
Крвавење и повеќе од 11 пломби (додајте 1,5 година)
4-10 пломби (додајте 1 година)
1-3 пломби (додајте половина година)
Не (нема промени)
10. Дали пиете газирани пијалаци и сокови?
Никогаш (одземете 1 година)
1-3 чаши неделно (додајте половина година)
4-6 чаши неделно (додајте 1 година)
Над 7 (додајте 2 години)
11. Дали јадете готова и конзервирана храна?
Сите оброци (додајте 3 години)
Поголемиот дел од оброците (додајте 1 година)
Помалку од половина оброци (одземете 1 година)
Никогаш (одземете 2 години)
12. Колку пати неделно се прејадувате?
Над 7 пати (додајте 3 години)
3-6 (додајте 2 години)
1-2 (додајте 1 година)
Никогаш (одземете 1,5 година)
13. Колку често настинувате?
5 и повеќе пати годишно (додајте 1,5 година)
3-4 пати годишно (додајте 1 година)
1-2 пати годишно (одземете половина година)
Поретко од еднаш годишно (одземете 1 година)
14. Дали сте пиеле антибиотици во последните 5 години?
Не (одземете 2 години)
1-2 пати (додајте 2 години)
Повеќе од 3 пати (додајте 5 години)
15. Колку пати неделно вежбате или брзо одите барем 30 минути?
Ниту еднаш (додајте 1 година)
1-2 пати (нема промени)
3 и повеќе пати (одземете 1,5 година)
16. Колку пати неделно правите вежби за телото?
Никогаш (додајте 1 година)
1-2 пати (додајте половина година)
3-5 пати (одземете половина година)
6 и повеќе пати (одземете година и пол)
Ако вашето тело има повеќе години од вас:
Не очајувајте, никогаш не е доцна да се преземе нешто. Истражувањата покажуваат дека позитивните промени во исхраната или физичката активност, дури и во 40-тите и 50-тите години, може да влијае врз вашето здравје и да ви го продолжат животот.
Доколку сте врсници:
На граница сте и треба да промените само една работа за да ја започнете трансформацијата во помлада личност. Најдобро би било да се обидете да го промените она што ви дава најмногу години.
Ако вашето тело е помладо од вас:
Одлично! Или сте доста совесни кога станува збор за здравјето или сте едни од среќните луѓе што природно уживаат во здравиот живот. Продолжете така.