X
 22.09.2015 Наука

Што му се случува на вашето тело кога ќе се напиете кафе навечер?

Прилично лоши совети за зависниците од кафе. Додека повеќето од нас знаат дека пиењето кафе во доцните вечерни часови предизвикуваат несоница, сепак не знаеме и не сфаќаме зошто.

Секако, можеби се чини како лесна „равенка“ - кафето ни дава енергија и премногу енергија предизвикува потешко заспивање, меѓутоа едно ново истражување покажува дека ефектите на кофеинот врз нашето тело се всушност посложени.

Истражувачите од Лабораторијата за молекуларна биологија на Универзитетот во Колорадо покажа дека кофеинот всушност влијае врз нашиот деноноќен ритам. Кофеинот предизвикува „доцнење“ во нашиот 24 часовен метаболички ритам кој го одржува нашето тело постојано да работи во чекор со времето во кое работи светот. Тие откриваат дека пиењето кофеин навечер го одложува ослободувањето на мелатонин, хормон кој нè прави поспани.

Со оглед на тоа што многу фактори - од користењето на светлото до електрониката, можат да влијаат врз нашето спиење, истражувачите дизајнираа експеримент за да се елиминираат колку што е можно варијации. Тие следеа пет лица под контролирани услови окол 49 дена. Пред легнување, секоја ноќ, волонтерите пиеја или кофеински апчиња или плацебо, како и беа изложени на различни нивоа на светлина.

Иако научниците откриле дека всушност светлината има најголемо влијание врз деноноќниот ритам, ефектите на кофеинот се доста значајни, одложувајќи го внатрешниот часовник на волонтерите, за околу 40 минути. Иако истражувањето нема да успее да го запре нашето консумирање на кофеин, сепак ќе не` натера да размислиме два пати следниот пат кога ќе сакаме да се напиеме шолја кафе навечер. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука