X
 04.12.2020 Наука

Антонио Гутереш: Човештвото води „самоубиствена војна“ против природата

„Нашата планета е расипана“. Ова го изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за Би-би-си. Човештвото води „самоубиствена“ војна против природниот свет, изјавил тој.

- Природата секогаш го возвраќа ударот и тоа го прави собирајќи сила и бес - рекол Гутереш.

Тој сака да го стави решавањето на проблемот со климатските промени во фокусот на глобалната мисија на Организацијата на Обединетите нации (ООН). Во говорот под наслов „Состојбата на планетата“, тој изјавил дека главната цел за следната година ќе биде создавањето глобална коалиција за намалување на емисиите на јаглероден диоксид на „нето-нула“. Нето-нула се однесува на намалување на емисиите што е можно повеќе и балансирање на идните емисии.

Гутереш ги повика сите земји, градови, финансиски институции и компании да усвојат планови за транзиција кон емисии на нето-нула до 2050 година. Целта е да се намалат глобалните емисии за 45% до 2030 во однос на нивото во 2010 година.

Еве што конкретно Гутереш побара од државите:

- Да се стави цена на емисиите на јаглеродниот диоксид;
- Да се стопираат финансирањето на фосилни горива и субвенциите за фосилни горива;
- Да се префрли даночното оптоварување од приходите на јаглероден диоксид и од даночни обврзници на загадувачи;
- Да се интегрира целта на неутралност во поглед на емисиите на штетни гасови во сите економски и фискални политики и одлуки;
- Да им се помогне на оние во светот што веќе се соочуваат со ужасните влијанија на климатските промени.

Ова е амбициозен план, но Гутереш предупредува дека е потребно радикално дејствување.

- Науката е јасна, ако светот не го намалува производството на фосилни горива за 6% секоја година до 2030 година, работите ќе станат полоши. Многу полоши - изјавил Гутереш. 



Доколку државите не дејствуваат, температурите ќе се покачат од 3 до 5 Целзиусови степени во овој век. Влијанието веќе се чувствува низ светот преку апокалиптичните пожари и поплави, циклони и урагани кои станаа нормални.

- Биодиверзитетот се распаѓа. Пустините се шират. Океаните се задушуваат во пластичен отпад - вели Гутереш.

Тој додаде и дека ЕУ, САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и над 110 други земји се обврзале да станат неутрални во поглед на емисиите на јаглероден диоксид во овој век. Гутереш сака ова да се претвори во движење, а технологијата може да ни помогне да ги постигнеме целите. Тој вели дека е време оваа војна против планетата да заврши, додавајќи дека „мора да прогласиме постојан прекин на огнот и да се смириме со природата“.

Во рамките на специјалниот настан на Би-би-си во кој Гутереш повика на акција, генералниот секретар разговараше и со сер Дејвид Атенборо. Тие се согласија дека активноста на младите луѓе претставуваат надеж дека работите ќе се сменат на подобро.



Автор: Џастин Раулат
Извор: bbc.com
Насловна фотографија: Screenshot/BBC
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука