X
 12.04.2019 Наука

Доказ дека светските глечери исчезнуваат со рекордна брзина

Работите не изгледаат добро за глечерите на Земјата. Обично кога станува збор за климатските промени и топењето на мразот, мислиме за поларните региони на Земјата. Но, тие не се единствените важни ледени формации и не се топи само мразот поради климатските промени.

Истражување објавено на 8 април 2019 година покажува дека глечерите на Земјата изгубиле над 9.000 гигатони мраз од 1961 година наваму. Тоа е 9 билиони тони. И како резултат, тие предизвикале нивото на морињата да порасне за 27 милиметри оттогаш.

Истражувањето доаѓа од меѓународен тим предводен од научници на Универзитетот во Цирих, Швајцарија. Тие ги измериле глечерите, од земјата и од сателитите, и тоа го правеле во текот на последните 50 години.

графикон
Глечерот Норденскиолд во Гренланд
Фото: Copernicus Sentinel data (2017)/ESA/CC BY-SA 3.0


Се фокусирале на 19 глечерни региони во светот, вклучувајќи ги Алјаска, Гренланд и Андите.

Во срцето на ова истражување е иницијативата за климатски промени на Европската вселенска агенција. Програмата собира важни податоци за климатските промени и ја организира, архивира и ја прави достапна за истражувачите.

Иницијативата има програма за надгледување на глечерите, а на истражувачите им дава информации за промените во масата на мразот за илјадници глечери низ светот.

- Главните црти на глечерите се потребни за да се направат прецизни пресметки за засегнатите области. До денес, овие информации во голема мера доаѓаат од американските сателити „Ландсат“, чии податоци се доставуваат до европските корисници според договорот за мисија на Европската вселенска агенција.

2
Глечерот Упсала во Аргентина се повлекол повеќе од 3 километри во 15 години
Фото: Copernicus Sentinel data (2016)/ESA/CC BY-SA 3


Во иднина, мисијата „Копернинг Сентинел-2“ особено ќе придонесе за прецизно следење на промената на глечерите. Ова истражување е базирано на многу извори на податоци. Во истражувањето беа вклучени и сензорот „ASTER“ на Јапонската агенција за воздухопловни истражувања и германската мисија „Тандем-Екс“. Нивните податоци биле искористени за изградба на дигитални модели на висина што даваат 3Д-топографски детали за регионот.

Сите овие податоци беа комбинирани со сеопфатната глациолошка база на податоци составена од Светската служба за мониторинг на глечерите. Се користеле за реконструкција на промените на дебелината на мразот за над 19.000 глечери во светот. Така истражувачите стигнале до 9 билиони тони.

4
ESA/Zemp et al. (2019) Nature/World Glacier Monitoring Service
(Кликнете за зголемување на фотографијата)

- Сега можеме да понудиме јасни информации за тоа колку мраз изгубил секој регион со глечери, меѓутоа, важно е да се забележи дека стапката на загуба значително се зголеми во последните 30 години. Во моментов губиме вкупно 335 милијарди тони мраз годишно, што одговара на пораст на нивото на морето од речиси 1 милиметар годишно - изјави Мајкл Земп од Одделот за географија на Универзитетот во Цирих.

Глечерите заедно со ледените капи се најголемиот извор на свежа вода во светот. Намалувањето на глечерите значи помалку вода за луѓето, помалку вода за наводнување и помалку вода за производство на хидроелектрична енергија. И секако, тука е дивиот свет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука