X
 04.12.2020 Образование

МОН објави повторени конкурси за повеќе ученички стипендии

Министерството за образование и наука објави повторени конкурси за доделување ученички стипендии.

Објавени се следните повторени конкурси:

- за доделување 9 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од текстилно-кожарска струка, односно сектор текстил, кожа и слични производи, кој во целост можете да го прочитате ТУКА;

- за доделување 8 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од машинска струка, односно машински сектор, кој во целост можете да го прочитате ТУКА;

- за доделување 8 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија, кој можете да го прочитате ТУКА;

- за доделување 9 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичката струка, кој можете да го прочитате ТУКА;

- за доделување 18 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од електротехничка струка, односно сектор електротехника, кој во целост можете да го прочитате ТУКА.

Висината на стипендиите изнесува 2.200 денари, а документите за секој конкурс одделно можете да ги преземете на линковите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование