X
 04.12.2021 Живот

Дали знаете дека 75 отсто од времето дишеме со едната ноздра, а 25 отсто со другата?

Сите имале ситуации кога ни е блокирана едната ноздра и посакуваме што побрзо враќање на функционалноста на двете ноздри.

Меѓутоа, во секојдневниот живот не се забележува фактот дека 75 отсто од времето дишеме со едната ноздра, а 25 отсто со другата. Значи едната ноздра е подоминантна.

Улогата на доминантната ноздра се менува во текот на денот и тоа се нарекува назален циклус.

Иако тоа обично не го забележуваме, за време на назалниот циклус едната ноздра се затнува и на тој начин помалку придонесува за протокот на воздух, додека другата во исто време се опушта.

Луѓето го забележуваат носниот циклус само ако затнувањето на едната ноздра е исклучително изразено и очигледно, што се случува кај луѓе што имаат отстапување на септумот.

Иако можеби е логично да се заклучи дека тоа се случува и кога луѓето имаат настинка, научниците велат дека тешкотиите со дишењето и дувањето на носот при настинка немаат никаква врска со носниот циклус. Напротив, кога сме настинати, ќе ни биде потешко да дишеме низ двете ноздри без разлика во која фаза од носниот циклус сме.



Извор: Klik.hr
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот