X
 15.05.2023 Живот

Интересни факти за Фидел Кастро - револуционерниот лидер кој создал комунистичка држава на прагот на САД

Фидел Кастро бил кубански револуционер и политичар кој служел како премиер и претседател на Куба. Тој бил познат како остроумен лидер способен да им се спротивстави на САД и на другите светски сили.

Пред неколку децении, но и денес, тој е инспирација за многумина, особено за левичарските антиглобалисти. Ова се неколку интересни факти за овој лидер.

1. Кастро бил познат по долгата брада и маслинестата униформа што ја носел во текот на неговото долгогодишно владеење. Ова се карактеризирало како симболичен гест во комунистичка земја каде што малите знаци често имаат големо значење.

2
Фото: Wikipedia

2. Бил познат по неговата љубов кон бејзболот и по организацијата на игри. Освен тоа, тој играл бејзбол во аматерски бејзбол-тимови. Го сакал спортот, а во официјалните биографии стои дека во младоста играл фудбал, кошарка, а подоцна и голф.

Како политичар, спортот му служел и за рекреација, но и за пропаганда.

3. Се женел двапати, но имал многу љубовници и вонбрачни деца. Познато е дека имал девет деца со пет жени. Втора официјална сопруга му била Далија Сото дел Вале, со која се оженил во 1980 година, а во брак биле до неговата смрт.

4. Габриел Гарсија Маркез, познат колумбиски писател, му бил близок пријател на Кастро и во своите дела често ја истакнувал важноста на Фидел во кубанската историја. Маркез тврдел дека нивното пријателство се заснова на љубовта кон литературата. Со текот на годините, тие размениле многу писма, а писателот често доаѓал во Хавана.



5. Кубанскиот лидер бил познат по долгите говори и често зборувал повеќе од три часа без пауза. Тој го држи рекордот за најдолг говор одржан некогаш пред Обединетите нации. Имено, овој говор траел 4 часа и 29 минути, но е ништо во споредба со говорот што го одржал неколку месеци претходно при неговиот реизбор на претседателската функција во 1960 година. Тогаш, говорот траел 7 часа и 30 минути.

1
Кастро за време на говорот одржан пред Обединетите Нации/Фото: Wikipedia

6. Бил неприкосновен владетел на Куба пет децении. Неговото владеење се смета за трето најдолго во светот, по британската кралица Елизабета и кралот на Тајланд. Кастро се повлече од власта во 2008 година од здравствени причини, предавајќи му ја власта на својот брат Раул.

7. Преживеал стотици атентати од американските служби, кои буквално го направиле бесмртен. Се верува дека преживеал дури 634 атентати, од кои за повеќето се тврди дека ги извршила американската разузнавачка служба ЦИА.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот