1. 111,111,111 x 111,111,111 = 12,345,678,987,654,321
2. Ако имате пица (pizza) со радиус Z и ширина А, нејзиниот волумен е Pi*Z*Z*A
3. 1089 x 9 = 9801
4. На Вавилонците основата на математичките пресметувања им изнесувала 60 наместо 10. Затоа броиме 60 секунди во 1 минута и 360 степени во еден круг.
5. Студиите покажуваат дека студентите кои џвакаат мастика имаат подобри резултати на математичките тестови, отколку оние кои не џвакаат.
6. 2,520 е најмалиот број кој може да биде точно поделен со сите броеви од 1 до 10.
7. 123 - 45 - 67 + 89 = 100
123 + 4 - 5 + 67 - 89 = 100
123 - 4 - 5 - 6 - 7 + 8 - 9 = 100
1 + 23 - 4 + 5 + 6 + 78 - 9 = 100
8. Според математиката има 177,147 начини за да се врзе кравата.
9. Во 1900, целото светско знаење за математиката можело да биде збрано во околу 80 книги. Денеска, тоа би било збрано во повеќе од 100 илјади книги.
10. Роденденски парадокс – во група од само 23 лица, има 50 проценти шанса барем две лица да имаат ист роденден.
11. Кога ќе помножите 21978 со 4 добивате резултат со истите бројки во обратна насока.
12. Principia Mathematica на Исак Њутн содржела едноставна грешка во калкулацијата која не била забележана цели 300 години.
13. Пред 2200 години, Ератостен го проценил обемот на Земјата користејќи ја математиката, без да го напушти Египет. Бил неверојатно прецизен. Подоцна него го изчувал Кристофер Колумбо.
14. Математичарот Пол Ердос кога има само 4 години, можел да пресмета во неговата глава, според возраста на едно лице, колку секунди тој човек живеел.
15. Во средно обрзование, 74 проценти од девојчињата покажуваат интерес за наука, технологија, инженерство и математика, но кога се запишуваат на факултет, само 0.4 проценти од девојчињата избираат компјутерски науки.
16. Најголемиот прост број има повеќе од 22 милиони цифри.
17. Откритијата на првите математичари како Питагора, Еуклид и Архимед, сеуште се користат како правила во математиката.
18. 1 поделено со 998001резултира со комплетна низа од 000 до 999 по редоследно.
19. Арапските бројки се всушност измислени во Индија.
20. Њутн ја открил математичката пресметка (анализа) за исто толку време колку што на просечен студент му е потребно да ја научи.