X
 23.01.2016 Живот

Вистини кои секој голем лидер треба да ги знае

Како и секоја друга област, и лидерството поминува преку трендови и промени - ако сакате да бидете успешни, потребно е постојано да ги следите. Старата школа на лидерство го вели тоа, а она што ние денес го правиме е доста различно. За да го сфатите лидерството потребно е да знаете да ги издвоите поранешните концепти од современите.

 

lider


Помогнете си себеси и вашето размислување, со овие концепти за современото лидерство.

1. Правило за автентичност и транспарентност
- Во ерата на социјалните медиуми, нема бегање со прикривање и нечесност. Ако вие или вашата компанија лажете, мамите или прикривате бројки, шансите дека ќе бидете изложени се поголеми од било кога.

2. Вашиот бренд е вашиот углед - Порано, кога луѓето зборуваа за ваата репутација тие се фокусираа на вашиот јавен карактер и вашето минато. Денес, вашиот личен бренд е вашата репутација - она што денес го кажувате и правите го дефинира начинот на кој луѓето ве перцепираат, затоа осигурајте се вашиот бренд да биде претставен подобро.

3. Ако не сте комуникативна личност, губите
- Како лидер потребно е да бидете способни за комуникација и да бидете видливи, а во денешниот свет тоа значи не само презентирање на социјалните медиуми, туку и вештина и способност да се издвоите од другите. Криењето позади затворена врата повеќе не е опција.

4. Соработката е новата валута -
Ако не споделувате, ако не соработувате со партнер, тогаш не успевате да се вклучите во новата валута на бизнисот. Цената ќе биде платена со вашето лидерство и вашата организација.

5. Постојат многу избори - Околу 35% од сегашната работна сила е само-вработена, а бројките стануваат се` повисоки. Луѓето менуваат кариери и размислуваат претприемачки. Секако, се`уште постојат луѓе со „девет до пет“ работа, меѓутоа ерата во која моравте да го задоволите шефот за да добиете унапредување, пополека исчезнува.

6. Интерконекцијата значи слобода - Порано лидерството го контролираше разговорот. Сега, со меиловите, интернетот и социјалните медиуми блиску до толку луѓе, лидерството е заменето со лидерството на поврзаност.

7. Луѓето сакаат да имаат збор за сопствената иднина - Ако се обидувате да водите со хиреархија, ќе бидете предизвикани, и веројатно нема да поминете добро. Оние кои бараат моќ и ја сакаат бирократијата, потешко ќе преживеат со оглед на тоа што организациите стануваат порамни - тоа значи дека ставаат се` поголема одговорност во рацете на секој од вработените, па дури и на клиентите.

8. Заедницата е критична - Организациите не постојат во вакуум, и не постои место за диктатура во современото раководство. Зачувувањето на заедницата бара лидерство кое ќе ги поттикнува луѓето да работат на заедничка визија и заедничка цел.

9. Издвојте се од сите преку споделување на она што го знаете
- Во ерата на информации, лицето кое дели повеќе информации се смета за експерт во својата област. Ако сакате да водите, тогаш потребно е да се издвојувате од другите, а споделувањето на информации е докажан начин за зголемување на вашето влијание.

10. Не ви е потребна титула за да водите - Секој може д абиде лидер. Вашиот капацитет повеќе не е поставен од вашата позиција или титула. Способноста да создадете влијание е значаен облик на лидерство и е достапна за сите.

После неколку години може да имаме сосема нова слика за лидерството. Во меѓувреме, луѓето кои ќе водат во таа ера доаѓаат зад нас. Она што го правиме сега е начинот на кој ќе се промени светот во иднина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот