X
 04.12.2023 Живот

Дали маските за клими пречат во работата на надворешните единици?

Сѐ повеќе луѓе ставаат маски на надворешните единици на клима-уредите за да не се гледаат, па се поставува прашањето дали маските влијаат врз работата на овие тела. Експертите истакнуваат дека е важно да се избере модел кој има доволен процент на фронтална отвореност. Тоа овозможува непречена работа на клима-уредите и не им го намалува векот на траење.

Тие го предлагаат моделот на мрежа наречен Копакабана, на кој било правено истражување и е идеален за правење маска за клима-уред.

Модел Копакабана
Фото: Gradnja.rs

Надворешните маски за климите се прават од алуминиум. Покрај мрежата, и самата конструкција е од тој материјал. Маската мора да е лесна за да може лесно да се монтира, но и за да не тежи на фасадата.

Како што истакнуваат експертите, дебелината на лимот на мрежата на маската е од 1,5 до 2 милиметри, а профилот на конструкцијата е со дебелина од 2 милиметри. Тоа е доволно за цврста маска, така што кога единицата ќе почне да работи, нема да има тресење, односно вибрации на маската и непријатни звуци.

Големината на маската, нормално, зависи од големината на надворешната единица. Моделот на мрежата на маската може да е различен, а експертите велат дека има поотворени, но и модели со поситни мрежи.

Автор: Соња Брстина
Извор: Gradnja.rs
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот