X
 28.06.2022 Наша тема

Клима-уредите со H+ дизајн - одговор за скапата струја и екстремните температури

Сведоци сме кога постарите постојано говорат како не паметат олку топли летни денови и дека се чувствува промена во климатските услови. Пролетта како еден вид на подготвителна фаза за летниот период се помалку си ја врши функцијата, така што тој премин кон екстремно високите летни температури се случува во многу рана фаза од годината.

Порастот на цената на електричната енергија во комбинација со потребата да се одржи прифатлива собна температура за живеење, доведе до растечки тренд на инвестирање на граѓаните во клима-уреди за своите домови, пред се од поновите H+ дизајн модели, кои се покажуваат како поекономични, а воедно и поздрави.


Кога ќе погледнете од страна на клима-уредите, како на пример на тие од брендот Vivax, ќе ја забележите ознаката А+++. Тое е показател дека тој уред е со највисока енергетска ефикасност при ладењето. Згора на тоа, кај овие H+ клима-уреди воздухот се насочува кон таванот и со тоа побрзо се разладува просторијата.

Највисоката енергетска потрошувачка секако е во текот на зимските периоди. Сметките за греење се превисоки, така што и тука е забележан зголемен тренд на инвестирање во H+ дизајн клима уреди. При направените тестови, таквите клима-уреди како од брендот Vivax се покажало дека греат во услови на надворешна температура од -25 степени и тоа со енергетска ефикасност од А++. При греењето воздухот кај ваквите клима-уреди оди директно на подот и веднаш се чувствува ефектот.


Најголемата дилема кај луѓето при купувањето на клима-уреди е дали ќе им направи проблем со алергии и дали ќе им изгледа грубо во станот. „HEPA“-филтерите што се инасталираат на H+ дизајн-климите, како и дополнителниот предфилтер овозможуваат сопирање на PM – честички со големина до 0.3. Додека дизајнирањето на изгледот на самите клима-уреди веќе не се запоставува како порано и сега тие делуваат и како украс на просторијата.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема