Научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) дизајнираа маска за повеќекратна употреба која може да се стерилизира и одново да се користи, а истовремено дава иста заштита како и маската N95.
Маската наречена iMASC нуди ниво на заштита кое може да се спореди со маските N95, велат нејзините творци. Тоа делумно е така затоа што користи N95 филтер, кој задржува честички на вирусот и го спречува нивното понатамошно продирање до устата и носот.
Дуплите филтри што ја покриваат устата може да се заменат по секоја употреба, велат истражувачите.
Во студијата за новата маска истражувачите истакнуваат дека недостатоците на лична заштитна опрема во болниците создале потреба за сигурносна опрема за повеќекратна употреба.
Тие се обиделе да направат маска слична на N95. Со помош на 3Д-печатач направиле силиконска маска и ја тестирале нејзината употреба меѓу медицински сестри и лекари. Маските се проѕирни, добро се приспособуваат на лицето и имаат филтри што може лесно да се заменат. Новата маска добро се покажала на тестирањето.
Материјалите на кои се фокусирале биле силиконска гума, синтетика која обично се користи во медицинската индустрија, а која лесно може да се стерилизира со низа различни методи, вклучително и користење алкохол или зрачење.
- Овие маски сè уште не се спремни за испорака, но кога ќе дојде до тоа, нивната цена најверојатно ќе биде околу 15 долари - наведуваат од „Фаст компани“.
Тимот што стои зад маската чека одобрение од американската Управа за храна и лекови, по што маските прво би се продавале во болниците, а потоа и на пошироката јавност.
Извор:
N1
Насловна фотографија: Pixabay