Стефани Хук е уметница од Колорадо која неодамна ја покажа својата „магична“ маска за лице на социјалната платформа „Тик ток“. Видеото веднаш стана сензација со оглед на тоа што има милиони прегледи.
Маската прво изгледа како обична црна маска за лице, но со дишењето се менуваат боите во материјалот и се открива дизајн инспириран од „
Хари Потер“. Хук ги продава своите креации преку интернет на
веб-страницата на нејзината компанија.
Таа започнала да ги прави овие маски за да „донесе магија“ во вистинскиот свет и да ги инспирира останатите да бидат креативни. Маските во моментов се распродадени, но Хук планира да направи уште и да започне да ги продава веќе на 29 мај. Таа открива дека ѝ се потребни околу 17 часа за да направи една маска.
Сепак, Хук посочува дека овие маски не ја нудат истата заштита од вируси како медицинските маски.
Извор:
boredpanda.com
Фото: CPEX