X
 05.01.2016 Живот

Што тргна погрешно со модерното родителство?

Доколку мислите дека ова не ве засега вам бидејќи вашето дете е сè уште мало бебе, не сте во право бидејќи овие големи грешки се одбегнуваат уште на почетокот. Ова го велат авторите кои со своите тези се обидувале да го променат родителството од старо во ново, модерно. Секој родител сака да го одгледа детето на либерален начин, а притоа постојано се чуди зошто неговото дете не е такво како него. Што е она што се променило во текот на последните децении?

На оваа тема зборувала британската авторка на книгата „Биди смирен родител“, Ема Џенер, која работела како дадилка на два различни континенти, притоа заклучувајќи што е она што не е добро во поглед на модерното родителство.

Никој нема право да го одгледа вашето дете освен вас самите

Се сеќавате ли кога вие сте биле деца дека сите околу вас - соседи, тетки и професори - имале право да ви кажат строг збор доколку сте лоши? Денешните родители сметаат дека само тие имаат право нешто да му кажат на своето дете, а притоа не забележуваат дека нивното дете не е совршено.

Сè му се дозволува на детето

Порано, родителите не трчале во продавница на секое плачење на детето. Секако дека треба да му дадете на детето храна доколку е гладно или да пие кога е жедно, но за сè има граница. Денешните родители едноставно мора да знаат да кажат „не“ на детето бидејќи тоа не е особина на лош родител, туку на соодветно воспитување.

Кој е главен кај вас?

Ова е банално прашање, но одговорот е многу важен. Детето не треба да ве држи во раката, и колку и да не звучи убаво, родителот треба да биде главен и да го има последниот збор.

Тоа се само деца

Кога детето ќе го удри минувачот на улица, ќе искрши туѓа играчка итн, најлесно е да се каже дека тоа е само дете. Факт е дека тоа е дете, но треба да биде одговорно и послушно и да има самоконтрола.
Мислите дека вашето дете не може да биде подобро?

Полесно е да го оставите со телефонот

Секако дека е едноставно да го замолчите детето со мобилен уред, но дали тоа е погрешно? Дали тоа е, впрочем, начин на кој се соочуваме со детето кога не знаеме што да правиме со него?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот