X
 19.12.2015 Живот

Како растеа децата од 70-тите, а како растат денес

Како дете кое пораснало во 70-тите години од минатиот век, запрепастен сум од степенот на разлики во здравството, исхраната, безбедноста и општата благосостојба на децата во однос на мојата генерација.

 

деца


Немојте да ме сфатите погрешно, ја сакам технологијата и сите предности на модерното општество, но истовремено кога ќе ги сведиме работите на едноставните животни потреби, за 40 години прескокнавме еден чекор напред и три назад.

1. Игравме едни со други

Немавме интернет, телефони, компјутери и видео игри. Нашите животи не беа само заштитени од близината на електронските уреди и електромагнетните значења, туку со тоа имавме можност да се забавуваме низ меѓусебна интеракција и физичка активност. Овде зборувам за драматично намалена физичка активност во последните 40-50 години, која се манифестира во дебелина, инсулинска резистенција и предуслови за дијабетес кај младите деца, помлади дури и од 10 години. Фејсбук, Инстаграм и другите социјални мрежи ги претворија генерациите на деца во безумни дронови кои можат да комуницираат ако се позади тастатурата и микрофонот - се` останато е премногу страшно.

2. Играњето надвор беше сосема нормално, не забрането

Повеќето луѓе кои денес поминуваат низ парковите и видат 10 годишно дете како само игра, се прашуваат „зошто“. Каде му се родителите? Во 70-тите години ова беше нормално и начин на живеење. Останувавме надвор додека не паднеше мрак или додека родителите не не` повикаа за вечера. Да, и тогаш имаше убиства и киднапирање деца, но не бевме залудени по прашањето „што ако“, на сметка на слободата на децата и она што детето треба да биде. Денес децата ги затворивме пред нивните ајпеди, ајподи, плејстешјни и други уреди и го насочивме нивното внимание на екранот, а ние добивме чувство на сигурност. Некои луѓе ќе го поддржат ова, но тоа не е ништо друго освен смирување на совеста за неисполнетите општествени очекувања.

3. Немаше деца со хиперкинетичко пореметување - децата беа само деца


Да земеме на пример 3 годишно дете од пред 40 години и денес, и лесно ќе заклучиме дека не многу се променило во нивното однесување, но начинот на кој ние го набљудуваме ова однесување и тоа како се променил. Она што е уште пострашно е дека на децата денес им се припишуваат терапии во вид на лекови поради дијагноза на хиперактивност. Сите деца кои потешко се контролираат денес имаат дијагноза која се квалификува како ментална болест. Смешно! Со децата треба да се работи на активности кои ќе ги опуштат и смират; тоа е единствениот начин да се одговори на системот за поддршка кој се грижи за нивниот развој, а никако не смее да им се даваат лекови кои ќе ги потиснат сите видови на симптоми.

4. Не беше потребно постојано надгледување на децата и нивно континуирано следење


Ако направиме анкета колку деца до 10 години денес имаат мобилни телефони, резултатот веројатно би не` шокирал. Бројката се движи над 60%. Последица на ова е потребата на родителите да бидат во постојана комуникација со своите деца. Денес имаме родители кои постојано разговараат со децата, дали преку телефон, смс, Вибер и слично. Овие родители се плашат од можноста нивните деца да направат грешка и да се соочат со некои последици поради тоа или пак сами да ги решаваат меѓусебните конфликти. Тие ги критикуваат наставниците поради тоа што детето не научило доволно во текот на образованието и ги обвинуваат што нивното дете мора да носи претежок ранец полн со книги и други непотребни работи. Овие типови на родители не постоеја пред 40 гоини. Нашите родители беа со нас и тогаш, но повеќе како поддршка а помалку како некој кој управува со нас.

5. Беше во ред да имаме неколку гребнатинки и не го нарекувавме силеџија оној кој некогаш ќе не` удреше

Не само што беше во ред, туку и беше очекувано. Постојано имавме модрици, исекотини. Немаше состанок со родителите на другите деца и наставниците поради тоа или не дај Боже да се покренуваа тужби против другите. Живееме во свето кој го водат кратковиди, опседнати за контрола и луѓе лишени од логиката, кои не знаат ништо за човечката мудрост. Сакате да им дадете мудрост на вашите деца која ќе им помогне да станат одговорни личности и кои ќе почитуваат некои морални принципи, или сакате да ги научите да се вклопуваат во моделот на однесување и да почитуваат одредени правила за да создадат безбедна, утописка средина во која сите се меѓусебно љубезни но без морални одговорности и емпатија?

6. Сонцето беше наш пријател, не бевме преплашени да се изложиме на сонце без заштитна крема

Ова е можеби и најголемата дезинформација која се пласира денес, дури и во училиштата. Се` повеќе истражувања се занимаваат со придобивките од витаминот Д кој се добива од сончевата светлина, а се` повеќе се демонизира сонцето. Ризикот од сончева енергија нема ништо поврзано со митот за опасниот озон. Кога патувате од било кој пол на земјината топка до екваторот, изложеноста на УВ зрацит се зголемува до 5.000%, додека озонската обвивка само ја намалува УВ изложеноста за 20%. Доколку изложеноста на УВ светлината и озонската дупка се главните причинители на рак на кожата, тогаш населението кое живее близу екваторот би имале драматично повеќе заболени луѓе. Време е на децата да им се каже дека сонцето не е нивниот непријател.

7. Валканите раце и лице ги миевме со вода и сапун, а не антибактериски глупости

Што се случи со сапунот и водата? Кој генијалец започнал да ги убедува родителите дека децата треба да се држат подаелку од кал и прашина, и дека треба да ги потопат со хемикалии кои ги убиваат бактериите? Децата чиишто родители претеруваат со хигиената се многу поизложени на ризици од астма, алергија и разни егземи. Кога изложеноста на бебето е ограничено, тогаш имунолошкиот систем не може на правилен начин да ги одбие патогените бактерии. Со тоа, имунолошкиот систем станува пречувствителен и кај бебињата настануваат различни алергии. Американскиот институт за храна и лекови потврди дека антибактериските сапуни може да влијаат врз здравјето на луѓето. Во 70-тите години не постоеше антибактериски сапун, а ретко децата имаа проблеми со алергиите.

8. Хемиската токсичност во производите со широка потрошувачка беше многу пониска од денес

Флуорид, фталати, оксибензон и другите хемикалии не беа присутни во секое домаќинство во 70-тите години. Кога на ова ќе се додадат разни иницијативи од гео-инженерингот со кој се загадува целата атмосфера, добивате токсична планета од земјата до небото. Во денешно време, децата се изложени на отрови кои може да имаат далекусежни последици за сите живи суштества, такашто крајно време е да ги научиме децата како да ја променат нашата планета и да започнат да се произведуваат и користат производи кои се еколошки прифатливи, а овие кои се промовираат денес да се уништат.

9. Производите не беа обележани: „без глутен“, „без шеќер“, „без масти“, „без ГМО“..
.

Во 80-тите години во земјоделието започна воведување на хербициди во производството на храна. Иако за тоа не се зборува, манипулацијата на растенијата за да се добие генетски модифициран организам, во голема мера се одвива во нашите полиња. Во 70-тите години употребата на пестицидите беше минимална, а содржината на хранливите материи во храната беше многу повисок отколку што е денес. Со напредокот на технологијата во производството на храна, дојде и нејзиниот подолг рок на траење, а емулгаторите, конзервансите и вештачките засладувачи со кои се надоместуваа недостатокот на масти и шеќер на сметка на нашето здравје. Античкото зрно пченица кое со векови се користело за производство на леб и многу други прехранебни производи, денес повеќе не е зрно пченица. Бидејќи единствената цел на денешниот агро бизнис е да го зголеми приходот, денешната конфигурација на пченицата е целосно трансрформирана. Млекото стана штетно за човечкото здравје со воведувањето на антибиотиците, хормоните за растење и пастеризацијата, а млекарите целосно ја отстранија неговата хранлива вредност.

Имам убави спомени од 70-тите, и сигурен сум дека луѓето кои пораснале во ова време, уживале во подобро здравје и богаство. Мораме да сфатиме дека со секоја деценија доаѓа циклус на промени, и дека никогаш не можеме да се вратиме да бидеме она што бевме. Затоа нашиот фокус треба да биде на тоа да градиме иднина која ќе биде подобра и за нас, и за нашите деца.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот