Хрватскиот град Имотски стана град на млади луѓе. Можеби ќе ве изненади, но тука има дури 24 отсто млади до 19 години. Просечната возраст во овој град е 40 години и сѐ повеќе луѓе се враќаат да основаат семејство токму тука.
- Да речеме дека во мојот конкретен случај враќањето зависеше исклучиво од работа, по студиите во Загреб се вратив исклучиво поради семејниот бизнис - вели Анте Кујунџиќ.
Многубројни се повратниците и од Германија, а меѓу нив има и многу млади семејства.
- Имам многу пријатели кои од Германија се вратија да живеат тука. Им се допаѓа гратчето, блиску е сѐ, полесно е и поедноставно. Но, децата се најголемата причина, поради растењето тука - вели Анте.
Поради тоа што многумина семејства се преселија тука, сега е проблем да се добие место во градинка, особено во јасли, поради што градинките се прошируваат. Во училиштата има место, иако двете основни училишта имаат повеќе од 850 ученици.
Има и такви што никогаш не заминале
- Секоја година имаме повратници, некои од Германија, некои од други европски земји. Мило ни е што конечно се враќаат во нивниот регион - вели Ивана Петричевиќ, директорка на едно од основните училишта.
И додека некои се вратија, има и такви како Ружица кои никогаш не заминаа.
- Имавме можност да заминеме бидејќи свекорот и свекрвата живеат во странство, но кога добив деца, знаев дека ќе останам. Тука е многу полесно - вели таа.
Токму тоа е една од причините што Имотски е еден од шесте хрватски градови каде што бројот на родени е поголем од бројот на починати.
- Веројатно луѓето бегаат од урбаните центри и одат во руралните средини. Сите ние сакаме да живееме здрав живот. Младите семејства тука се поддржани со стимулации и субвенции - вели една сплиќанка.
Шанса за подобар живот
Повеќедетните семејства можат да добијат од 13.000 до 16.000 евра за изградба на куќа или за реновирање стан. Градот нуди шанси и за подобар живот. За прво дете се добиваат 1.300 евра, за второ двојно повеќе, а за трето 6.500 евра. А градот не планира да застане тука. Ќе се градат и повеќе станови за млади семејства.
- Но, тоа не е сè што е потребно. Важни се безбедноста, работните места, предучилишното и училишното образование и содржината на локалната заедница, што е соодветна за денешното време - вели градоначалникот на Имотски, Иван Будалиќ.
Повеќе од половина од буџетот оди за стимулации за деца и млади, а ниту самиот градоначалник не заостанува зад статистиката.
- Имам пет деца, тие се веќе возрасни момчиња, најмалото има осум, а најстарото наскоро ќе се ожени - вели градоначалникот.
Извор:
Net.hr
Фото:
Wikipedia