X
 05.01.2023 Култура

Ќе се снима нова верзија од филмовите „Хари Потер“

Холивуд постојано прави нови верзии на стари успешни филмови, а се чини дека нешто вакво се планира и за филмовите инспирирани од серијата книги „Хари Потер“.

Кружат шпекулации дека компанијата „Ворнер Брос дискавери“ планира да сними нова верзија од филмовите со комплетно нова актерска екипа. Во 2022 година главниот извршен директор на компанијата, Дејвид Заслав, открил дека сака да ја развива франшизата, а неколку месеци подоцна американските медиуми известуваат дека се работи на конкретен план.

Имено, компанијата сака да сними нова верзија од филмовите во следните 3-5 години. Се вели дека главните улоги ќе бидат играни од сосема нови актери, но новите филмови ќе бидат адаптација на истите книги.



Според податоци на „Статиста“, франшизата донела приходи од 25 милијарди долари од 1997 година.


Извор: Euronews
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура