X
 30.11.2022 Живот

Жителите на рускиот град Твер во паника - мислеле дека Украина ги напаѓа, но се работело за нешто друго

Градот Твер, кој се наоѓа длабоко на руска територија, се разбуди од колона „украински“ воени возила на неговите улици, што предизвика загриженост кај жителите.

Пред неколку дена, кога жителите на Твер, град на 160 километри северно од Москва, се разбудиле, наишле на загрижувачка глетка: колони од воени возила со украинско знаме се движеле низ градот.

Нивната прва мисла била дека биле нападнати од Украина.

- Морам да кажам дека ова е нереално - изјави еден возач кој ја објавил снимката на интернет. Тој додава дека бил прилично нервозен и не знаел што се случува.

Во реалноста, сосема друга приказна

Но, вистината била сосема различна од она што жителите го помислиле. Станува збор за филмски сет на руска филмска екипа за претстојниот филм за руската војна. „Музичар“ ќе биде првиот филм што ќе го претстави конфликтот меѓу Русија и Украина на филмското платно.

- Воената опрема на која се вееја украински знамиња ги исплаши жителите на Твер. Но, излезе дека во градот се одвива снимањето на филмот „Музичар“ - објави една руска новинска служба.

Иако нивното постоење претходно беше демантирано од Москва, од почетокот на војната, групата Вагнер стана мејнстрим и сега отворено регрутира низ Русија. Има дури и свое седиште во стаклен облакодер во Санкт Петербург.

Ова не е првпат руските актери да предизвикаат конфузија со тоа што се облекуваат како украинската војска.

Во градот Калуга група мажи облечени како украинската армија се преправаа дека го заземат театарот на почетокот на овој месец. За време на перформансот, мажите зеле еден човек како заложник и бил одведен зад сцената каде што наводно бил застрелан.

Но, целиот чин бил дел од драмска изведба дизајнирана да ги шокира жителите, изјавија подоцна продуцентите.



Извор: Telegraph.co.uk
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот