X
 05.01.2023 Живот

Сѐ повеќе Германци посетуваат библиотеки - за да се стоплат

Библиотеките во многу земји немаа многу посетители во претходните години поради пандемијата.

Но, во некои земји, како Германија, повторно добро им оди. Сега тие имаат повеќе посетители, па некои дури и го продолжија работното време.

Но, прашање е дали овој поголем интерес за книги оваа зима има врска со енергетската криза, па луѓето доаѓаат за да се загреат, вели Фраук Унтид од Германското библиотечно здружение.

За време на пандемијата, помалку луѓе оделе во библиотеките. Сега, откако се укинати епидемиолошките мерки, читателите се враќаат.

- Но, дали доаѓаат затоа што тука е топло или затоа што искрено сакаат да се вратат кај нас, не можеме да знаеме - додава Унтид.

Инаку, секогаш во зимскиот период има поголем интерес за книги. Тогаш библиотеките се важни места за многумина, како на пример за семејствата.

- Ако имате мали деца, зимата едноставно е неблагодарна и не можете со нив да одите во парк и да си играте - објаснува Унтид.

Таа оценува дека многумина доаѓаат во библиотеките затоа што се осамени, па си бараат друштво.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот