Холандската архитектонска компанија МВРДВ претстави план за изградба на една од најголемите библиотеки во Кина. Таа ќе биде сместена во Вухан, а нејзиниот дизајн е инспириран од реките Хан и Јангцекјанг.
Библиотеката ќе зафаќа површина од 140.000 квадратни метри. Таа ќе има три големи стаклени ѕида кои ќе нудат поглед кон градот, паркот во близина и хотелот веднаш до библиотеката.
Библиотеката ќе има тераси чиј изглед е инспириран од линиите на кањон. Во библиотеката ќе има повеќе соби за читање и учење.
Паркот околу библиотеката ќе помогне во ладењето на самата зграда, додека на нејзиниот покрив ќе има соларни панели со кои ќе се произведува обновлива енергија.
Извор:
Luxury launches
Насловна фотографија:
MVRDV