X
 21.08.2021 Култура

Сѐ изгледа подобро со книга: Поранешен супермаркет претворен во библиотека

Во градот Кармел, Индијана, неодамна беше отворена една од најнеобичните библиотеки во светот. Станува збор за библиотека отворена во поранешен супермаркет. Полиците на кои порано имало разни производи сега се полни со книги.

Поранешниот супермаркет неодамна бил купен од јавната библиотека во градот, која го претворила празниот простор во дом за својата колекција книги.



Претворањето на супермаркетот во библиотека звучи како интересна идеја, но проектот има практични цели. Стариот супермаркет треба да послужи како место за книгите од библиотеката која се реновира и ќе биде повторно отворена во 2022 година.



Така, биографиите што порано можеле да се позајмат од оригиналната библиотека сега стојат во замрзнувачи, а аудиокнигите се на местото на кое порано се продавало месо.

Извор: My Modern Met
Фото: Instagram (Screenshot)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура