Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 7 јануари, Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика им го честита Божиќ на граѓаните од православната вероисповед.
Извор: МИА