Над 300.000 Англичани потпишаа петиција понеделник да биде неработен ден ако Англија победи на Евро 2020, а премиерот Борис Џонсон не ја исклучува можноста.
- Англија игра во 20 часот (по британско време) и би било погодно понеделник да е слободен ден, ако Англија победи и ја освои титулата. Овој термин е тежок за семејствата, особено ако се знае дека следниот ден треба да одат на работа. Пред нас е историски момент, па ако победи Англија, ќе има прослава и затоа слободниот ден е најдобро решение - пишува во петицијата.
Премиерот навести дека понеделникот може да се изгласа како слободен ден ако англиската репрезентација триумфира против Италија во недела навечер.
- Ајде да видиме што ќе се случи - изјави тој.
А сега постојат и надежи дека ќе има дополнителен слободен ден во август ако фудбалската репрезентација ѝ донесе историска победа на Англија. Сето тоа доаѓа откако обожавателите го бомбардираа Борис Џонсон со барања за национален празник за прославување на победата на Англија.
Фото: Тwitter
Официјалните лица на Вајтхол сега анализираат како нацијата би требало да го одбележи историскиот триумф.
- Не сакам да предвидувам за неделниот натпревар. Јасно е дека сакаме Англија да го добие финалето. Дури тогаш ќе можеме да ги поставиме нашите планови. Се надеваме дека Англија ќе победи - изјави портпаролот на премиерот, но ја отфрли можноста за зголемување на бројот на навивачи на „Вембли“.
Даунинг стрит ги советува работодавците што се во можност да бидат флексибилни во врска со дозволувањето на персоналот да оди на работа подоцна в понеделник или да му даде слободен ден ако победи Англија.
Владата веќе го продолжи работното време на пабовите и кафулињата до 23:15 часот за недела во случај да се играат продолженија или да има пенали.
Извор:
Thesun.co.uk
Фото: Twitter