X
 05.01.2025 Живот

Ова место за санкање во Австрија нуди нешто посебно - забавно спуштање со гуми

Во текот на зимскиот период и празничните денови многумина планираат викенд или подолго патување со семејството. И додека некои претпочитаат планини и скијање, други уживаат во санкање. Доколку спаѓате во втората група, имаме одличен предлог за кратко бегство - Инеркремс.

И додека љубителите на скијањето го избираат австрискиот Катшберг како локација каде што можат да се релаксираат и да уживаат во омилените зимски активности, на враќање може да застанат кај Иннеркремс. Доколку барате возбудлива зимска авантура која ќе го воодушеви целото семејство, санкањето е дефинитивно нешто што не треба да го пропуштите. 

Сместена во прекрасна планинска долина, на само 20 минути возење од Катшберг, оваа атрактивна област за санкање нуди уникатно искуство на санкање во гуми.

Патеките се внимателно уредени, а можете да изнајмите кациги на самото место или да носите свои. За само 6 евра можете да изнајмите гума или санка и да уживате во брзината, додека влезот на патеката со подвижни појаси е 10 евра по лице.


За оние што сакаат да уживаат во малку порелаксирана атмосфера, куќичката за изнајмување санки нуди топли напивки, кои дополнително ќе го комплетираат искуството и ќе ве загреат по возењето.

Без разлика дали ќе изберете гума или класична санка, едно е сигурно - забавата е загарантирана!

Извор: journal.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот