X
 05.02.2017 Живот

Животни лекции кои секој маж треба да ги научи пред да наполни 30 години

За многумина, периодот на 20-те години е време за слобода и забава, но и несигурност. Но, понекогаш важно е да се запомни дека тоа е и време нешто да научите.

Машките корисниците на „Reddit“ откриле неколку животни лекции кои ги научиле токму во тој период, како и неколку корисни совети за оние кои се борат со секојдневните предизвици во третата декада од животот. Сите тие пораки биле сведени на неколку животни лекции :

1.    „Никој не се грижи за тебе“ – не се мисли на лош начин, но во смисла дека не треба да се грижите што мислат другите за вас бидејќи секој е насочен кон својот живот.

2.    „Ако сакате да направите нешто, направете го“ – Живеењето со каење не е во ред, па кога сте во втората декада од животот можете да преземате ризици, бидејќи немате многу обврски како што ќе имате подоцна во животот.

3.    „Имајте навика за здрав живот и вежбање“ – Подоцна ќе си бидете благодарни заради таа одлука.

Многумина се согласиле со овие три лекции и додале дека многу нормално е во 20-те години да се прават грешки и е дозволено, бидејќи никој не е совршен.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот