X
 21.02.2015 Култура

Имануел Кант: Незрелоста е неспособност да се искористи интелигенцијата без нечија насока

Ова се некои од мудрите мисли на познатиот филозоф Имануел Кант.

Колку е почесто размислувањето, толку и постоењето со него се занимава. Две работи ја исполнуваат душата со восхит и стравопочит - ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене.

Оној кој е суров кон животните е тежок и во одност кон луѓето. Човечкото срце може да се процени според неговиот третман кон животните.

Незрелоста е неспособност да се искористи интелигенцијата без нечија насока.

Според законот, човекот е виновен доколку ги повреди правата на дугите. Според етиката тој е крив со самата помисла да го направи тоа.

Да се биде значи да се дејствува.

Не е божја волја да бидеме среќни, туку да се трудиме околу сопствената среќа.

Целото наше знаење започнува со сетилата, продолжува до разбирањето и завршува со разумот. Не постои ништо повисоко од разумот.

Моралот не е доктрина која ни објаснува како треба да бидеме среќни, туку да се направиме себеси достојни за да бидеме среќни.

Со лаги човекот го уништува неговото достоинство.

Среќата не е идеал на разумот, туку имагинација.

Морав да го тргнам настрана знаењето, за да направам простор за верувањето.

Без сомнение, целото наше знаење започнува со искуство.

Живеј го животот мислејќи дека секое ваше дело ќе стане универзален закон.

Науката е организирано знаење. Мудроста е организиран живот.

Кога човек себеси се учи да биде црв, не смее да се пожали ако некој го стапне.

Не е неопходно штом живеам, да живеам среќно, туку штом живеам, неопходно е да живеам чесно.

Религијата е запознавање на сите наши должности низ божјата команда.

Метафизиката е темен океан без пристаниште и светилник на чијшто брег лежат многу филозофски руини.

И покрај тоа што нашето знаење започнува со искуство, тоа не значи дека автоматски произлегува од искуството.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура